КАФЕ ПАУЗА

Од каде доаѓаат добрите идеи?

Од каде доаѓаат добрите идеи?

Сите нас, повеќе или помалку, нè интересира од каде доаѓаат добрите идеи. Сакаме да сме покреативни, поиновативни, да ни паѓаат на памет подобри идеи. По долго истражување, Стивен Џонсон верува дека дошол до одговорот на тоа прашање. Тој верува дека постојат неколку шеми, кои постојано се повторуваат при создавање на необично иновативна околина пред да дојде до појава на добра идеја.rnrnОд каде доаѓаат добрите идеи?rnrnЕдна од тие шеми Џонсон ја нарекува бавно претчувство. Најголемите откритија досега настанале кога најмалку се очекувало, во ненадеен момент на инспирација. Најдобар пример е моментот „Еурека“ на Архимед. Голем број идеи остануваат долго скриени во вас, сè додека не се појави момент кога токму тие ќе ви бидат најкорисни во тој период од вашиот живот. Тоа се случува поради фактот дека добрите идеи најчесто настануваат поради судирот на неколку помали претчувства.rnrnПонекогаш потребни се двајца за создавање на една целосна идеја. Почетокот на идејата се наоѓа во форма на претчувство кај една личност, додека пак крајот кај друга личност. Ненадејно започнат разговор на таа тема може инстантно да доведе до појава на една одлична нова идеја. Тоа добро го потврдува и познатата изрека „Со две глави подобро се мисли“.rnrnСпоред Џонсон интернетот во денешно време има огромна улога во создавањето на добри идеи. Поврзаноста на луѓето низ целиот свет овозможува на најразлични начини да се зголеми иновативната околина и притоа полесно да се доаѓа до нови откритија.rnrnПозајмувањето на претчувствата на другите луѓе може многу да ви помогне во формирање на една нова, уникатна и добра идеја која се криела во вас подолг период.rnrnПогледнете го и ова видео во кое Стивен Џонсон на многу интересен начин објаснува од каде доаѓаат добрите идеи…rnrnrn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.