8-годишната Сочил ја добила Женската награда од Институтот за нуклеарна наука за нејзините научни достигнувања. Сочил Гвадалупе Круз е 8-годишно девојче од Чиапас, Мексико. Таа оди во 3-то одделение и уште од најрана возраст покажувала интерес за науката. На 4-годишна возраст била дел од Програмата за таленти на Мексико (PAUTA) за интелектуално напредни деца и токму ова ѝ го отворило патот кон нејзините неодамнешни достигнувања.rnrn
rn
„Многу сум среќна за ова награда. Никогаш не мислев дека ќе стигнам до овде. Ова е неопислива емоција“, изјавила Круз.
rnПрограмата за таленти на Мексико е под раководство на Националниот автономен универзитет на Мексико и нејзината цел е да ги развие способностите за наука кај деца и тинејџери. Програмата користи ментори кои „посвојуваат“ деца и им нудат водство и менторство за нивните научни проекти од кои општеството би имало некаква придобивка.rnrn
rnrnСочил добила неколку награди откако добила ментор, вклучувајќи го и првото место во 2017-та за нејзиниот проект „Топла бања“. Таа ја искористила својата дарба за да помогне и во нејзиниот дом. Со помош на нејзиниот татко изградила соларен бојлер за вода користејќи 2 стаклени врати, неколку шишиња, црево и резервоар. Нејзината идеја за бојлерот дошла од загриженост за околината.rn
„Постојат луѓе со малку ресурси кои никако не можат да купат систем за загревање. Па тие сечат дрва за огрев, а на тој начин го повредуваат светот“, изјавила Сочил.
rn
rnrnДржавниот координатор на програмата за таленти, Ирадиер Сантијаго, изјавил дека многу деца со одлични академски и научни способности во Мексико не го добиваат она што им е потребно. Тој вели дека причината за тоа е недостатокот од ресурси кои се овозможени од локалната влада, како и семејствата кои често не ги сфаќаат или не ги негуваат талентите на децата.rnrnТаткото на Сочил смета дека сите семејства треба да ги поддржуваат малечките кои се иднината. Исто така изјавил дека безусловно ја поддржувал својата ќерка уште од почетокот.rnrnДали знаете како се освојува Нобелова награда?
