Култните наполитанки биле омилени купечки слатки од детствата на многу луѓе. Па, ако сакате да се вратите во детството и да направите вкусен десерт кој ќе остане во сеќавање и на вашите деца, тогаш подгответе ги овие домашни наполитанки уште денес.
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 4 листа наполитанки
rn
rn
За филот:
rn
- rn011
- 250 грама масло
- 200 грама шеќер
- 180 милилитри вода
- 250 грама мелени ореви
- 250 грама мелени интегрални бисквити
- 100 грама чоколадо за готвење
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо лонец ставете го маслото, шеќерот и водата и мешајте на тивок оган додека состојките не се соединат. Потоа, во смесата додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте сè додека не добиете густ крем. Оставете малку да се излади, а потоа поделете го кремот на три еднакви делови. Премачкајте го горниот дел од наполитанките и така продолжете додека не ги поминете сите наполитанки и преостанатиот крем. На крајот, завиткајте ги во мрсна хартија и на нив ставете лим за што подобро да се стегнат. Оставете ги на ладно, а по желба, откако колачот ќе биде готов, можете да го премачкате со чоколадна глазура.
Совет: Доколку сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите, додајте малку сок од свеж портокал или неколку капки рум.

