КАФЕ ПАУЗА

6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

6 величенствени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДА

Пред два дена, на 1-ви декември, беше обележан Светскиот ден за борба против СИДА. Благодарение на медицинскиот напредок, денес луѓето кои се носители на ХИВ вирусот можат да живеат долго и квалитетно за разлика од порано кога никој немал храброст да се тестира, а не, пак, јавно да признае дека има СИДА. И денес оваа смртоносна болест е табу тема и луѓето сѐ уште не се осмелуваат да ги преземат сите безбедносни мерки за заштита и превенција, но благодарение на многуте организации и кампањи, свеста на луѓето полека се буди.rnrn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnОд оваа болест починале повеќе познати личности, најмногу поради тоа што биле неинформирани и не знаеле што се случува со нивното тело. Во продолжение прочитајте кои познати ѕвезди го изгубиле животот токму поради овој подмолен убиец наречен СИДА…rn

1. Фреди Меркјури

rn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnОвој музичар е првата светска ѕвезда за која јавноста дознала дека починал од СИДА. Имал 45 години, а само неколку дена пред смртта искрено проговорил јавно за неговата здравствена состојба. И покрај тоа, неговиот неоспорлив музички талент, ја засенува оваа темна дамка во неговата биографија.rn

2. Рок Хадсон

rn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnСите знаеле дека еден од најдобрите актери на сите времиња е хомосексуалец. Иако никогаш не зборувал јавно за неговата сексуална ориентација, во 1985 година открил дека е болен од СИДА. Починал 3 месеца по јавното признание.rn

3. Ентони Перкинс

rn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnАктерот кој засекогаш ќе остане запаметен по улогата во филмот „Психо“ (Psycho) бил бисексуалец. Во 1992 година тој починал од воспаление на белите дробови, што се јавило како последица од смртоносната болест СИДА.rn

4. Артур Еш

rn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnАртур Роберт Еш бил најдобриот американски тенисер кој се заразил од СИДА по операција на срце преку трансфузија на крв. Јавноста долго време не знаела што се случува со Еш кој ја криел болеста поради неговата ќерка, која тогаш имала само 2 години. Починал во 1993 година од воспаление на белите дробови исто како Ентони Перкинс.rn

5. Иван Вдовиќ

rn6 величествени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnПрвиот човек регистриран како ХИВ позитивен на просторите од поранешна Југославија бил тапанарот на групата ЕКВ. Тој починал кога имал 31 години.rn

6. Џија Каранџи

rn6 величенствени кариери кои биле уништени од страна на подмолниот убиец – СИДАrnrnЏија била најпознатиот супермодел во 70-тите и раните 80-ти години. Таа била зависничка од хероин, поради што си ја уништила кариерата. По кратко време дознала и дека е болна од СИДА. Оваа опасна болест ја „убила“ кога имала само 26 години.rnrnЛуѓето треба да бидат добро информирани за сите начини на кои се пренесува ХИВ вирусот и за тоа како да се заштитат. Сите се изложени на опасност, без оглед на сексуалната ориентација или бројот на сексуални партнери. Луѓето, пак, кои веќе се заразени со вирусот треба да бидат прифатени од општеството, а не дискриминирани. Животот за нив не е завршен, туку сѐ уште можат да живеат нормално, квалитетно и да придонесуваат за општествениот развој.