Свесни за тоа или не, секој потег, поза или гримаса кои ги правите со телото и лицето кажуваат нешто за вас. Оваа невербална комуникација некогаш знае да каже, односно да покаже многу повеќе отколку зборовите. Говорот на телото изразува далеку повеќе одошто некои луѓе се свесни, па со самото тоа е многу важен и составен дел од вас на кој треба да посветите поголемо внимание. Постојат многу типови на говор на телото, но во глобала постојат 6 подгрупи на луѓе, секоја со свои позитивни и негативни страни.rnrn
rn
1. Емоционално изразување
rnНекои луѓе многу полесно ги изразуваат своите чувства. Во секое поместување на цртите на нивното лице може да согледате како тие се чувствуваат, секој потег ги издава нивните емоции на среќа или тага, па секогаш може лесно да препознаете во каква состојба се наоѓаат. Овие луѓе се отворени луѓе кои многу лесно се соочуваат со чувствата, не се срамат да ги покажат и претежно се доста популарни во друштвото.rn
2. Емоционална контрола
rnОвој тип луѓе го сочинуваат оние кои доста добро го познаваат своето тело и своите емоции, па вешто успеваат да ги контролираат позите со цел да создадат слика за себе која е различна од онаа реалната. Токму поради тоа, тие делуваат доста далечни и ладни и ретко кога може да прочитате како тие навистина се чувствуваат и за што размислуваат.rnrn
rn
3. Емоционална чувствителност
rnЛуѓето кои спаѓаат во оваа група имаат некој вид сензори со способност да ги детектираат и дешифрираат чувствата на луѓето околу нив. Поради леснотијата со која тие препознаваат како некој се чувствува делуваат емпатични, па често се првата личност кај која другите одат кога имаат некој проблем, кога им е тешко или едноставно им е потребно некој да ги ислуша. Негативно тука е што доколку некој е премногу емоционално чувствителен, тој може да се зарази од истите чувства како и другите и нивната болка да ја почувствува како своја.rn
4. Социјална чувствителност
rnДоколку вие сте социјално чувствителни, тогаш веројатно доста добро можете да ја процените ситуацијата во околината околу вас, лесно може да одредите во какво друштво се наоѓате, па соодветно на тоа да го прилагодите вашето однесување. Ова дефинитивно многу помага при разбирање на комплексноста на социјализирањето како и при предвидување на однесувањето на другите луѓе во ваша близина.rnrn
rn
5. Вештина за мамење
rnОва се луѓе способни себеси да се претстават во сосема различно светло. Лесно и едноставно можат да се претстават себеси како целосно различни личности од оние кои навистина сѐ, создавајќи слика низ која ретко кој може да продре. Ова се т.н. професионални измамници, а се карактеризираат со брзи, вешти и лесни движења, како и со доста впечатливи гримаси на лицето.rn
6. Вештина за детектирање измама
rnОва се тие ретки луѓе кои успеваат веднаш и целосно точно да ги прочитаат луѓето, за кратко време знаат со кого си имаат работа и можат да ја детектираат измамата во нечие движење дури и кога таа личност се наоѓа на другиот крај на собата. Секој милиметар на придвижување на вашето тело им открива нови работи за вас, па соодветно можат доста лесно да ве прочитаат и „расоблечат“.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.