Неодолив и едноставен колач кој ќе ве освежи и во вашиот дом ќе го донесе вкусот на Италија!
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 400 грама јагоди
- 4 јајца
- 200 милилитри шлаг
- Зацврстувач за шлаг
- 200 грама пишкоти
- 30 милилитри рум
- 200 грама шеќер во прав
- 500 грама маскарпоне сирење
- 200 милилитри кафе
- Какао во прав
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзмијте ги јагодите, исчистете ги и исечете ги на половина. Околу половина од нив пасирајте ги со рачен миксер, а остатокот исечете ги на четвртини. Во сад сматете 3 жолчки, 1 јајце и шеќер во прав. Матете додека смесата не се соедини и стане пенеста и светла. Со постојано мешање, додајте го пирето од јагоди и маскарпонето. Сматете го шлагот и зацврстувачот за шлаг и додадете го во смесата. rnrnПотоа смешајте го кафето и румот и во добиената мешавина потопете ги пишкотите. Во калап ставете еден ред натопени пишкоти, потоа еден ред исечкани јагоди и еден слој од кремот. Повторете 2 пати и потоа рамномерно измазнете го колачот. Подготвеното тирамису ставете го во фрижидер да отстои преку ноќта и пред послужување посипете го со какао во прав.