КАФЕ ПАУЗА

6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

Сите зборуваат како успешните луѓе се ранобудници. Стануваат и го освојуваат светот уште пред другите да го подготват утринското кафе. Но, што прават успешните луѓе пред спиење? Ова се 6 навики на познати успешни личности кои може да ги земете за пример.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

1. Бил Гејтс: чита еден час

rnМајкрософт милијардерот, Бил Гејтс, е страстен читател. Секоја ноќ пред спиење, како што ѝ е познато на јавноста, тој се посветува на читање на разна литература. Веќе ни се познати многубројните бенефиции од читањето, меѓу кои се подобрената меморија, редуцирање на стресот, подобрување на когнитивните способности, како и спречување на деменција на постара возраст.rn

2. Ариjана Хафингтон: целосно се исклучува од светот

rnОткако се онесвестила поради умор, повредувајќи си ја главата, оваа американска авторка и новинарка, нашла начин како да го добие вистинскиот одмор кој ѝ е потребен. Таа наводно целосно се исклучува од светот, оставајќи го мобилниот во друга соба и посветувајќи си време себеси.rnrnСпоред д-р Чарлс Зајзлер, професор на Харвард, зраците од мобилните го вознемируваат нашето тело и го нарушуваат природниот процес на спиењето, мамејќи ги нашите тела да мислат дека е дење. Светлата од екраните на мобилните се потенцијални виновници за лошиот сон и несоницата.rn

3. Џоел Гаскоин: оди на прошетка

rnИзвршниот директор на Buffer, пешачи со брзо темпо непосредно пред легнување. Ова, како што вели тој, го ослободува од негативната енергија, му ги оддалечува мислите од работа и го уморува за подобро да спие.rnrnПрошетката, исто така помага во поттикнување на креативното мислење. Едно истражување покажува дека при прошетка, мозокот е поотворен на слободен тек на идеи. Прошетката со сигурност ќе ви помогне доколку имате некој проблем, ќе ве ослободи од тензијата и бидејќи вашиот мозок не работи жестоко полесно ќе дојдете до креативно решение на проблемот.rn

4. Опра Винфри: медитира

rnУспешна и зафатена жена како Опра Винфри, мора да најде начин да се опушти и да се ослободи од стресот кој ѝ го носат работните обврски и тоните информации кои нејзиниот мозок ги апсорбира секој ден. За Опра, медитацијата е вистинската алатка за помош.rnrnМедитацијата го намалува стресот, анксиозноста, депресијата и болката. Доколку медитирањето не е за вас, или просто се коси со вашите верувања, најдете алтернативна форма на опуштање и смирување.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

5. Вера Ванг: се посветува на креативното размислување

rnВера Ванг признава дека навечер се посветува на креирањето бидејќи тишината на ноќта е вистински лек за креативната блокада. Она што е изненадувачки е истражувањето кое покажува дека ноќното време е најдобро за креативност дури и ако сте уморни по долгиот ден, со образложение дека поспаниот ум размислува послободно и без притисок. Така, ако сте ранобудници, вашите најдобри идеи ќе ви доаѓаат навечер, кога вашиот мозок ќе прави логични поврзувања кои инаку не би ги направил.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

6. Кенет Ченоу: го планира наредниот ден

rnИзвршниот директор на Американ Експрес го сака планирањето, па така го завршува секој ден помислувајќи на трите најважни нешта кои треба да ги постигне наредниот ден. Така наутро може да се разбуди и да се зафати со работа, концентрирајќи се на извршување на примарните и најважни обврски.rnrnЕдно истражување од раните 90-ти кое тестирало ученици од средно ја оправдува оваа навика на Кенет, покажувајќи дека учениците кои во средно добро владееле со планирање на времето покажувале подобри резултати во учењето и на факултет. Така, нивното планирање им донело и подобар академски успех, што докажува дека оваа навика дава добри резултати.