На 2018-та година ѝ се ближи крајот и сите имаат измешани чувства за ова. Од една страна новата година ви отвора многу нови можности, но од друга страна може да биде тешко да затворите едно неверојатно поглавје од вашиот живот. Како и да е, доаѓањето на новата година бара прославување. Ако сте во врска, сигурно ќе сакате да наздравите со вашиот партнер кога ќе ја дочекате 2019-та. Доколку сакате да одите некаде настрана, ова се најдобрите дестинации за дочекот на новата година со вашиот партнер.rn
1. Венеција, Италија
rn
rnrnЗамислете си да се возите низ прекрасната Венеција со гондола покрај партнерот. Овој романтичен град е одличен за паровите кои имаат долга листа дестинации за посетување. Ќе споделите навистина неверојатни искуства додека го очекувате почетокот на новата година.rn
2. Островот Каталина, Калифорнија
rn
rnrnОстровот Каталина се наоѓа во близина на Калифорнија и е одлична дестинација за паровите кои сакаат да избегаат за Нова година. Секогаш можете да се опуштите во некој бар покрај базен или да го разгледате островот и да уживате во многуте активности. Можете да најдете и понуди за парови кои нудат масажи, пикник и многу повеќе.rn
3. Савана, Џорџија
rn
rnrnНавистина вреди да ја посетите Савана за Нова година. Ова е еден од најшармантните градови во САД и е одлично место за паровите кои сакаат помирна атмосфера.rn
4. Долината Напа, Калифорнија
rn
rnrnАко сте љубители на виното, зошто да не наздравите со него за Нова година во долината Напа? Оваа дестинација во Калифорнија е создадена за парови кои сакат да го пробаат најдоброто вино во регионот и да сведочат на неверојатните пејзажи. Можете да закажете место и на официјалниот Вински воз за Нова година во кој е вклучен оброк, 3-часовно возење низ регионот, забави и многу повеќе.rn
5. Будимпешта, Унгарија
rn
rnrnАко сакате да ја дочекате новата година со стил, тогаш размислете за прослава во Будимпешта. Ова е најпознатото место за оние кои сакаат да прославуваат покрај Дунав, со неверојатни коктели и партнерот покрај себе.rnrnПогледнете и кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година.