КАФЕ ПАУЗА

5-те најлесни јазици за учење и извори од кои можете да ги научите

5-те најлесни јазици за учење и извори од кои можете да ги научите

Учењето нов јазик има безброј предности. Прочитајте за нив во продолжение и дознајте како можете да научите дел од најлесните јазици…rnrn5-те најлесни јазици за учење и извори од кои можете да ги научитеrn

    rn 011

  • Подобрени аналитички и вештини за учење и сеќавање
  • rn 011

  • Поширока перспектива која ги намалува предрасудите и го зголемува ценењето на културите
  • rn 011

  • Натпревар во вашите кариера и бизнис
  • rn 011

  • Подобрени комуникациски вештини од подоброто разбирање на јазикот
  • rn 011

  • Подобрена способност за решавање проблеми и работење со апстрактни концепти
  • rn 011

  • Олеснето патување во странство
  • rn

rnЕдинствениот проблем е што учењето нов јазик одзема многу време, понекогаш вклучувајќи десетици, па дури и илјадници часови учење. Сепак, некои од највредните јазици се многу полесни за учење од другите.rn

Што го прави еден јазик лесен за учење?

rnПрвото и најважно нешто е сличноста на јазикот со јазик кој го зборувате одлично. Ако сте од Италија, ќе ви биде многу лесно да го научите шпанскиот јазик кој на многу начини е сличен со италијанскиот.rnrnЌе забележите дека јазиците на листава потекнуваат од латинското дрво. Бидејќи има сличности помеѓу сите латински јазици, ако разбирате англиски ќе ви биде многу полесно да научите некој од овие јазици, наместо други како кинески или арапски.rnrnДруг фактор кој треба да се земе предвид е генералната комплексност на јазикот. Некои јазици имаат добра структура и се направени на тој начин да бидат полесни за сфаќање. Имаат очигледни шеми и правила кои не се прекршуваат често. Па, ако веќе знаете англиски, ќе ви биде најлесно да ги научите следниве јазици.rn

1. Шведски

rnШведскиот има многу сличности со англискиот, вклучувајќи ги и синтаксата и вокабуларот. Конјугацијата на глаголите е иста и во двата јазика. Покрај тоа, шведскиот е познат како ритмичен јазик што го прави лесен за помнење.rn

Каде да го научите?

rnSwedish Fluency е онлајн курс на Udemy и е одличен за почетници.rn

2. Италијански

rnИталијанскиот е еден од најлесните јазици за луѓето кои зборуваат англиски. Многу е полесен од шведскиот и е покорисен во зависност од причината за која сакате да го научите. Италијанската азбука е поедноставна од англиската, а постојат и многу сличности во вокабуларот.rn

Каде да го научите?

rnLearn Italian Language е одличен курс за почетници кој има и визуелна поддршка која ќе ви помогне да ги апсорбирате новите вештини.rn

3. Шпански

rnОва е можеби најлесниот јазик на листава. Шпанскиот е примарен јазик на над 400 милиони луѓе низ светот. Тој е сличен со англискиот и најчесто зборовите се пишуваат како што се изговараат.rn

Каде да го научите?

rnКурсот Spanish 101 има над 14.000 ученици, 300 лекции и 100 часа материјал кои ги покриваат сите нивоа на јазикот.rn

4. Француски

rnЛексичката сличност помеѓу англискиот и францускиот е многу голема. Напредниот француски е малку покомплициран од англискиот, но ако целта ви е само разговор нема да имате проблеми.rn

Каде да го научите?

rnАко сакате да научите француски за разговор, Learn to Speak: Conversational French е одличен курс за вас.rn

5. Холандски

rnМногу лингвисти сметаат дека холандскиот е најлесниот јазик за луѓето кои разбираат англиски. Двата јазика имаат безброј сличности – структура, синтакса, слогови, вокабулар… Покрај тоа граматиката на холандскиот е многу поедноставна од англиската.rn

Каде да го научите?

rnКурсот Get in Dutch! е едноставен вовед во холандскиот и им помогнал на над 2.000 ученици да го научат јазикот за краток период.rnrnПогледнете и како да научите странски јазик за 17 дена без ничија помош.