Секој има свој начин на релаксирање, но доколку читањето книга е вашиот начин да се опуштите, тогаш не сте можеле да изберете подобра активност. Едно истражување покажало дека читањето опушта многу подобро отколку добро познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа.rnrn
rnrnДоволни се само 6 минути поминати пред книга или некое друго четиво за да се смириме, односно нивото на стрес да падне и да се смират отчукувањата на срцето и напнатоста во мускулите. Психолозите веруваат дека тоа се должи на фактот дека при читањето мозокот мора да се сконцентрира на она што го читаме, а таквиот начин на оттргнување на мислите од проблемите и заминување во друг свет делува погодно за срцето и напнатоста во мускулите.rnrnПотребата на човекот за бегство во имагинарен свет доаѓа до израз во време на разни проблеми, кога реалноста не ни се допаѓа и сакаме да побегнеме од неа, тврдат експертите.rnrnВтор најефикасен начин е слушањето музика, трет пиењето кафе, а четврт шетањето – покажало ова истражување. Стресот го намалуваат и видеоигрите, но за разлика од другите методи, тие го зголемуваат отчукувањето на срцето.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
