КАФЕ ПАУЗА

5 работи што не сте ги знаеле за Марија Кири

5 работи што не сте ги знаеле за Марија Кири

На сите нам ни е добро познат фактот дека Марија Кири (1867-1934) живеела во период кога повеќето жени немале пристап до науката и образованието. Сепак, тоа не ја спречило да биде првата жена која ќе ја добие Нобеловата награда и првата и единствена личност што ќе ја добие наградата за две науки.rnrn5 работи што не сте ги знаеле за Марија КириrnrnФранцуска физичарка со полско потекло, се стекнала со светска слава благодарение на нејзините истражувања во областа на радиоактивноста. Таа била чудо од дете и покажувала извонредни вештини уште на четиригодишна возраст кога научила да чита на руски и француски. Студирала хемија, математика и физика на Универзитетот „Сорбона“ каде открила два радиоактивни елемента: радиум и полониум. Овде го запознала и нејзиниот сопруг и партнер Пјер Кири. Во продолжение прочитајте повеќе занимливости за една од најпознатите научнички на сите времиња.rn

Марија Кири работела во скромна лабораторија

rnКога помислувате на научници, најверојатно првото нешто што ви паѓа на ум е добро опремена лабораторија. За жал, лабораторијата на Кири била далеку од тоа. Голем дел од нивните истражувања биле спроведени во мала, тесна барака.rn

Марија Кири била херој од Првата светска војна

rnКири помогнала да се спасат илјадници војници преку поставувањето бројни мобилни радиолошки единици кои биле користени на првите борбени линии од страна на армиските лекари. Оваа технологија им овозможила на лекарите полесно да прават рендгенски снимки на ранетите војници и да ги вршат неопходните операции.rn

Нобеловата награда била традиција во семејството

rnСемејството Кири се стекнало со пет Нобелови награди. Мари поседувала две, а сопругот Пјер една награда. Во 1935 година, ќерката Ирен Жолио – Кири по стапките на нејзините родители, заедно со сопругот Фредерик Жолио ја добиле Нобеловата награда како признание за нивното откритие во поглед на нови радиоактивни изотопи. Втората ќерка на Марија и Пјер Кири, Ева, се омажила за Хенри Ричардсон Лабуис, добитник на Нобеловата награда за мир како и претседател на УНИЦЕФ.rn

Алберт Ајнштајн бил голем фан на Марија Кири

rnОткако Пјер Кири го загубил својот живот во трагична сообраќајна несреќа, Мари морала да се соочи со тежок период на предрасуди и сексизам. Ајнштајн решил да ја охрабри во нејзината работа, па затоа ѝ пратил писмо во знак на поддршка. Во една прилика, таткото на модерната физика изјавил:rn

„Марија Кири е единствената од сите славни личности која не дозволила славата да ја подмити“.

rn

Научна љубовна приказна

rnМари го запознала Пјер откако дипломирала на Универзитетот Сорбона, а нивната заедничка љубов кон науката придонела да станат не само партнери во животот туку и во истражувањата. Пјер инсистирал неговата сопруга да биде подеднакво признаена кога ѝ била доделена Нобеловата награда за нивните научни откритија.rnrnОткако ги прочитавте овие интересни факти за животот на Марија Кири, можеби ќе сакате да дознаете кои 5 жени го одбележале 19-тиот век.rnrnИзвор: discovermagazine.com