КАФЕ ПАУЗА

5 работи кои должината на машките прсти ги открива за нив

Односот помеѓу должината на вториот и четвртиот прст на раката на мажите се поврзува со мноштво физички и лични карактеристики. Според многу студии, должината на прстите зборува за карактерот, интелектот и психологијата на личноста. Еве неколку работи кои должината на неговите прсти ги открива за него.rnrn5-raboti-koi-dolzhinata-na-mashkite-prsti-gi-otkriva-za-niv-kafepauza.mkrn

1. Односот со жени

rnСпоред една нова студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences“ мажите со пократок показалец и подолг домал прст обично се пофини со жените. Ова откритие може да е резултат на изложеноста на количината на секс хормони во утробата.rnrnВо студијата, повеќе од 155 луѓе (и мажи и жени) пополнувале формулари за секоја социјална интеракција со припадник од спротивниот пол која траела 5 минути или подолго во период од 3 недели, користејќи листа со „пријателски“ и „кавгаџиски“ однесувања. Мажите со пократок показалец во однос на домал прст се нашле во отприлика за 1/3 повеќе пријателски односи со жени, и за 1/3 помалку кавгаџиски отколку мажите со обратна пропорција на двата прсти.rnrnПретходно истражување има откриено дека овој „2П:4П“ однос – односот на должината на вториот прст (показалецот) и четвртиот прст (домалиот прст) – ја открива количината на машки хормони, главно тестостерон, на која личноста била изложена во утробата. Колку повеќе тестостерон, толку подолг домал прст.rn

2. Големината на пенисот

rnСпоред една студија од 2011 година објавена во „Journal of Andrology“ помалиот „2П:4П“ однос укажува на подолг пенис.rnrnСтудијата вклучувала 144 волонтери на возраст од минимум 20 години кои требало да прават некакви уролошки операции. Додека мажите биле под анестезија, истражувачите ги мереле нивните пениси (и спуштени и испружени), како и нивните прсти.rnrnПократкиот показалец во однос на домалиот прст укажувал на подолг испружен пенис, што се поврзува со пенисот во ерекција, што пак според истражувачите се должи на изложеноста на тестостерон во утробата.rn

3. Атрактивност на лицето

rnМажите кои имаат пократок показалец одошто домал прст може исто така да имаат поубави лица, сугерира студија од 2011 објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society“.rnrnКоличината на тестостерон на која е изложена бебето пред да се роди може да влијае на развојот на лицето на индивидуата, како и колку е тоа атрактивно.rnrnСпоред едно претходно истражување, жените преферираат мажи со мажествени, „пештерски“ лица. Со други зборови, жените традиционално се повеќе привлечени од мажи кои имаат релативно краток, дури згмечен горен дел од лицето како на Бред Пит и Вил Смит.rn

4. Резултати на приемните испити

rnМногу корелации за должината на прстите важат за мажите, но некои се точни и за жените.rnrnЗа децата од двата пола, односот во должината на прстите се поврзал со резултатите на тестирањата за прием на факултет, според студија објавена во „British Journal of Psychology“ во 2007.rnrnТим од научници направиле фотокопии од дланките на децата и ги измериле нивните прсти. Тогаш ги споредиле овие мерки со резултатите кои и машките и женските ги постигнале на тестирањата. И кај двата пола кои имале пократок показалец од домал прст резултатите во просек биле повисоки на тестовите по математика во однос на вербалните. Девојчињата пак, со поголем однос на прстите (подолг домал прст во однос на показалецот) успеале да покажат подобри резултати на вербалниот дел од тестот за разлика од математичкиот.rn

5. Ризик од рак на простатата

rnИако имањето пократок показалец во однос на домалиот прст има свои предности, исто така има и своја цена – поголем ризик од рак на простатата, сугерира една студија од 2010 објавена во „British Journal of Cancer“.rnrnИстражувачите го гледале односот на овие прсти на 1.500 пациенти заболени од рак на простатата и на 3.000 здрави мажи во период од 15 години. Тие побарале од мажите да погледнат во слики од раце и да ја изберат онаа која е најслична на нивната.rnrnМажите со иста должина на показалецот или поголема од должината на домалиот прст имале за 33% помалку шанси да бидат дијагностицирани со рак на простата за разлика од мажите кои имале пократок показалец.rnrnДобрата вест е дека 33% е сепак мал процент, па мажите со помал однос на прстите не треба да бидат премногу загрижени за ова.rn

Прочитајте и: Што откриваат вашите дланки?