КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто треба да го посетите Берлин

Патувањето е секогаш добра идеја, а доколку го изберете Берлин, тогаш со сигурност нема да погрешите. Во овој прекрасен град има многу неверојатни локации што можете да ги посетите, а таа ваша авантура нема да ве чини цело богатство, затоа што Берлин има прилично евтини места. Се прашувате кои главни причини треба да ве импресионираат за да го посетите? Погледнете ги овие 5 кои ќе бидат доволни за уште веднаш да размислите да го ставите овој град на листата на вашето патување.rn

Чудни музеи

rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnБерлин најверојатно има најголем број музеи во Европа. Дури и оние кои не сакаат да посетуваат вакви места, не треба да ја пропуштаат оваа шанса додека се во овој прекрасен град, затоа што Берлин има дел од најчудните музеи на светот кои дефинитивно не може да бидат игнорирани. Тука ќе го видите „Deutsche Currywurst Museum Berlin“ – музеј посветен на најпопуларната улица за храна во Германија. Во кафулето на музејот можете да пробате оригинални јадења и тоа не звучи лошо. Овде спаѓа и музеј кој ги опфаќа работите од модерниот живот. Од барбики, па сѐ до чудни иновации.rn

Евтина храна

rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnДодека повеќето европски градови имаат скапи менија за храна, Берлин ќе ве изненади и од овој поглед. Таму можете да јадете во мали, но прекрасни ресторани, а ќе најдете и најразлична кујна, од популарната индиска, па сè до јадења од Виетнам – изборите се бескрајни. Во овој град нема да потрошите цело богатство, но ќе искусите многу!rn

Прекрасни фрески

rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnСигурно имате слушнато за галеријата Источна страна (East Side Gallery) и за нејзините шарени графити. Но, тоа не е сѐ. Градот е богат со интересни фрески кои ќе ги видите на елегантни згради, хотели и трговски центри. Се чини дека германскиот народ дише во боите.rn

Оригинална уметност и иновации

rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnПрошетајте во некој случаен трговски центар во Берлин и ќе бидете воведени во светот на оригиналните инсталации. Продолжете во некој парк и ќе ве заболи главата од мислење за значењето на многуте поставени скулптури. Во Берлин ќе можете да го видите и водениот часовник кој со капки вода ги покажува часовите, минутите и секундите. Таму буквално можете да видите како тече времето!rn

Пријатно локално население

rn5 причини зошто Берлин би требало да биде на листата на вашите дестинации за патувањеrnrnМожеби ќе ви биде чудно, но во Берлин ќе сретнете луѓе кои учтиво ќе ви ја понудат својата помош, ќе ви ги покажат потребните насоки и ќе ви ги дадат потребните информации. Не треба да се изненадите и доколку тие поминат повеќе време со вас, обидувајќи се да ви помогнат, а понекогаш може и да добиете нешто гратис!rnrnСекако, покрај овие постојат уште многу други причини, како што е слободен влез на некои изложби, места каде што ќе можете да преспиете без да потрошите многу пари и слично. Вреди да искусите!