Ви треба одмор, а не знаете како да се релаксирате и да го оттргнете сите грижи од вашите мисли? Тогаш продолжете да читате…
Британците правеле истражување за тоа кои звуци најмногу ги релаксираат, а кои ги нервираат. Притоа, звукот на бранови кои удираат во карпи, го прогласиле за најомилен звук. Втор омилен им е звукот на дождовните капки кои удираат во прозорецот, а за поголемиот број Британци тоа претставува секојдневен звук, со оглед на честите дождови во оваа држава. На трето место се наоѓа звукот на газењето со чевелот врз свежо паднат снег, потоа насмевката на бебињата и звукот додека се пржи сланина.rnrn
„Овие звуци ни ги будат сеќавањата за убавите времиња или ни создаваат очекување дека набрзо нешто убаво ќе се случи“ – вели претставник на забавниот парк Дрејтон Манор, кој го спровел ова истражување.
rnНа самото дно на листата, се наоѓаат звуците кои на Британците најмалку им се допаѓаат, а тоа е звукот на нокти кои гребат по табла, звукот на алармот и звукот на турбините кога забарот поправа заб.rn
Инаку минатата година, бендот од Манчестер „Marconi Union“ заедно со група звучни терапевти спроведоа истражување и ја создадоа најрелаксирачката песна во светот т.н. „Weightless“. Во оваа песна има одбрани специфични ритми, тонови, фреквенции и интервали кои го опуштаат слушателот. Континуираниот ритам на песната од 60 битови во минута, е идеален за синхронизација на мозочните бранови и отчукувањата на срцето, а воедно и го намалува крвниот притисок, што ја прави оваа песна одлична придружба за квалитетен сон. rnrnМногу е важно песната да биде долга 8 минути, бидејќи потребни се 5 минути за да започне овој процес. Хармоничните интервали и прекини помеѓу нотите се специјално избрани за да создаваат чувство на еуфорија и комфор кај слушателот. Воедно, нема мелодија која се повторува, што пак му овозможува на мозокот тотално да се исклучи, бидејќи повеќе нема да се обидува да предвиди кој ритам следува. Наместо тоа, има „рандом“ звуци, кои создаваат длабоко чувство на релаксација. Повисоките тонови стимулираат, а пониските ве ставаат во „транс“ состојба. Оваа песна е на прво место од листата топ 10 најрелаксирачки песни.rn
rnrnrn1. Marconi Union – Weightless rn2. Airstream – Electra rn3. DJ Shah – Mellomaniac (Chill Out Mix) rn4. Enya – Watermark rn5. Coldplay – Strawberry Swing rn6. Barcelona – Please Don’t Go rn7. All Saints – Pure Shores rn8. Adele – Someone Like You rn9. Mozart – Canzonetta Sull’aria rn10. Cafe Del Mar – We Can Fly rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
