Сите сакаме убав и среден дом, но љубителите на книги во никој случај не го запоставуваат просторот каде ги чуваат книгите. Еве што сè може да направите за да ги уредите полиците за книги на навистина уникатен и кул начин.rnrn
rnrnФатете се за работа и направете ја вашата полица со книги како излезена од соништата.rn
1. Подредете ги книгите по боја
rnОк, можеби ќе изгледа како да имате опсесивно растројство, но кому му е грижа? Ваквото подредување на книгите е возбудливо и забавно. Извадете ги сите книги од полицата и подредете ги по боја и нијанси. Потоа вратете ги назад на полицата. Плус, секогаш ќе знаете кога некој ви чепкал по книгите.rnrn
rn
2. Додајте малку живост и разиграност
rnМоже дел од книгите да ги поставите хоризонтално, дел вертикално. Може да додадете керамичка фигура или малечко растение во саксија. Прекрасно!rnrn
rn
3. Сè е во деталите
rnОбрнете внимание на малите орнаменти. Не преоптоварувајте ја полицата со сè и сешто, но внимателно осмислете ситни декорации кои ќе изгледаат ненаметливо и дискретно.rnrn
rn
4. Организирајте во папки и кошници
rnПоделете ги книгите по жанрови и набавете неколку полуотворени картонски папки во различни бои (или еднобојни доколку така ви е повеќе по вкус). Подредете ги книгите според жанровите. Доколку пак, немате доволно место на вашите полици, набавете неколку плетени кошници или кутии во боја и хоризонтално наместете ги вашите книги во нив. Добра идеја е на самолепливи листови во боја да ги напишете жанровите и да ги залепите листовите на кутиите.rnrn
rn
5. Дајте ваше обележје
rnОва се супер совети за да вметнете нешто ново и необично, но не заборавајте да бидете креативни и оригинални. По што сте препознатливи? Што сакате најмногу? Кој е вашиот стил? Оставете ваш печат на она што го работите. Може да поставите рачно изработени оригами, може да ги исфарбате полиците во вашите омилени бои, може да го донесете вашето работно биро веднаш пред нив за да си направите ваша мала канцеларија и место за творештво, или веднаш до или над полиците да поставите една или неколку помали слики по ваш избор. Може да одите ретро, да поставите стари предмети и црно-бели фотографии. Бидете слободни и креативни!rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.