КАФЕ ПАУЗА

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нив

Сите сакаме различни работи и имаме различни начини на минување на слободното време. Некој е зависен од најновите филмови, некој пак ужива читајќи. Вљубениците во книгите се борат да го вметнат трендот на читање во брзото темпо на живот и да ја поттикнат свеста за значењето на оваа добра навика. Ова се 12 знаци дека сте луди по книги, и сè што е поврзано со нив. Да, тука се вбројуваат и вашите гласни извици и реакции на она што го читате па затоа сте како чудаци кога читате на плажа.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

1. Долго време одбирате книга

rnКога ќе влезете во книжара се заборавате. Срцето почнува забрзано да ви чука поради целиот избор што го имате пред себе. Обожавате да ги префаќате книгите, да ги чувствувате нивните корици, префинето да ги одбирате однесувајќи се како врвни дегустатори на вино. Откако ќе ја одберете книгата што ќе ја купите, ја кревате главата и одеднаш се враќате во овој свет. Потоа забележувате блага насмевка на лицето на продавачката на книги, која би можела да се протолкува: „Страстен вљубеник во книгите, исто како и јас“, или насмевка на олеснување: „Конечно, конечно одбра и ќе си замине.“rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

2. Верувате дека книгата е секогаш најдобриот подарок

rnВерувате дека има голема вистина во изреката „Кога човек ти подарува книга, тој бара да му погледнеш во срцето“. Затоа уште повнимателно ги одбирате книгите што ќе ги подарите некому. Го сметате тоа како вистински подарок за секого. Ако не чита книги може секогаш да почне. Дури сте горди со вашата способност да одберете соодветна книга за секого.rn

3. Продавачите на книги и библиотекарите во вашиот град или населба ве знаат по име

rnКога влегувате во најблиската книжара со продавачката немате формално добар ден, туку повеќе пријателско како си и што има ново.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

4. Луѓето ви се обраќаат за совет за што да читаат

rnЗнаете да навлезете во прилично длабоки разговори за книгите, уште ако ви се погоди и друштвото, вие сте на седмо небо. Душата ви се полни кога некој ќе ве праша за предлог книга. Горди сте на отсечната и како од пушка оценка за најновите наслови.rn

5. Во домот имате мала библиотека

rnКоја буквално функционира како библиотека само не им наплаќате за членство на вашите пријатели или членови на семејството. Но затоа секогаш знаете која книга кај кого е, кога ја зел и кога ја вратил и дали била оштетена. Сè е запишано и нема шанси да ви избега од вид.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

6. Прекрасно се чувствувате кога ќе влезете во библиотека/книжарница или читална

rnБуквално чувствувате дека сте меѓу луѓе од ваш вид и веднаш, без разлика каков ви бил денот, вашето расположение се подобрува. Иако по природа можеби сте интроверти, секогаш знаете да си направите добар и слободен муабет со оној кој ви ги препорачува книгите и да споделите искуства.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

7. Кога ќе посетите нов град, прво нешто што забележувате се книжарниците

rnИли тезгите со стари книги, можеби и градската библиотека пред која ќе се сликате. Знаете да купите по некоја книга како сувенир.rn

8. Се револтирате од лажното познавање на книгите од страна на некои личности

rnКнижевноста е вашето второ јас и ужасно ве револтира кога гледате постови на социјалните мрежи како слики со книги или коментари за книги од личности за кои знаете дека не ја сакаат книгата туку го прават она што е во „тренд“.rn

9. Сонувате да отворите ваша библиотека или кафе-книжарница

rnТоа би ви било како прибежиште од сите лудории на светот околу вас, од гласните луѓе и метежот. Тоа би било остварување на вашиот сон. Може да имате и друга работа, но тука ќе доаѓате во слободно време и ќе бидете сопственик на мало богатство. Ах, соништа.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

10. Не можете да ги „сварите“ сите писатели, но ги почитувате

rnМожеби не можете да го „сварите“ Хемингвеј, но го почитувате како писател. Како што растете сфаќате дека кога станува збор за книгите и стиловите, во прашање се вкусови, па затоа не практикувате остро да го негирате она што не ви е по ќеф.rnrn12 знаци дека сте вистински вљубеници во книгите и сè што е поврзано со нивrn

11. Зачленети сте макар на една веб-страница од каде може да порачувате книги

rnИ не си го знаете пасвордот бидејќи никогаш не се одјавувате па навистина нема потреба да го пишувате.rn

12. Многупати ви се случило да заспиете над книга

rnКога ќе си речете уште една страница, па уште една, само уште една. Се будите по некој час со лузна од очилата притиснати за вашиот образ.