Дали знаевте дека некои од козметичките производи кои секојдневно ги користите подобро е да ги чувате во фрижидерот отколку во „тропската“ клима во вашата бања?rnrn
rn
1. Маска за лице
rnЗа подобро уживање во маската за лице најдобро е истата да ја чувате во фрижидерот. Колку температурата на маската е пониска, толку подобро ќе ја нанесете на вашата кожа, но и ќе ја отстраните без никакви иритации.rnrn
rn
2. Крема за областа околу очите
rnОвој производ има цел да ве одржи помлади колку што е можно подолго, но дали сте знаеле дека тој ќе биде многу поефикасен ако се наоѓа на пониска температура? Студенилото ги стеснува жилите, односно протокот на крвта се намалува низ меките ткива.rnrn
rn
3. Лак за нокти
rnЧувањето на лакот за нокти во фрижидерот ќе помогне тој да ја зачува својата формула во оптимална состојба за примена и ќе го спречите згуснувањето и формирањето грутки што е честа појава на еден отворен лак за нокти.rnrn
rn
4. Парфем
rnСветлината и топлината влијаат на промената на нивото на многу чувствителните состојки во парфемот. Ако вашиот омилен парфем го чувате во фрижидерот, подалеку од сонце и топлина, формулата ќе остане недопрена, а вашиот мирис идентичен како на денот кога сте го купиле.rnrn
rn
5. Ретинол и витамин Ц
rnВо моментот кога овие активни состојки ќе се изложат на непријателското опкружување во кое живееме (сонце и топлина), ја менуваат својата хемиска структура, односно нивните „волшебни моќи“ значително им се намалуваат.rnrn
rnrnОсвен чувањето на козметичките производи, добро е да знаете и колку е рокот на траење на вашата козметика.