КАФЕ ПАУЗА

5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата

Освен што можат да послужат како одлична декорација за домот, домашните растенија и билки можат да го подобрат вашиот живот и здравјето. Некои од нив се познати по нивните смирувачки и детоксикациски својства и влијанија на телото, а некои пак можат да ги успијат луѓето и да им помогнат со проблемите со спиењето. Во продолжение прочитајте кои од овие 5 домашни растенија треба да ги имате во спалната соба доколку страдате од несоница.rn

1. Бамбусова палма (Chrysalidocarpus Lutescens)

rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение го прочистува воздухот и ги отстранува токсините и јаглеродниот диоксид. Бидејќи го навлажнува воздухот, ова растение е особено пожелно во зимските месеци кога грлото и носот се сушaт од топлиот воздух и греењето, поради кои често тешко заспиваме.rn

2. Алое вера (Aloe Vera)

rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnЛековитоста на ова растените е позната на многумина, а од неа се изработуваат и најразлични препарати за негата на кожата и косата. Алое вера е нетипично растение кое излачува повеќе кислород од преостанатите растенија, па затоа е добро доколку се чува во спалната соба бидејќи ја подобрува белодробната состојба и имунитетот.rn

3. Фикус Бенџамин (Ficus Benjamina)

rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение е број 1 во светот на билките кои го прочистуваат воздухот. Фикусот Бенџамин отстранува дури 70% од бензен, амонијак и толуен, како и други нечистотии во воздухот кои лачат синтетички материјали со лош квалитет од мебелот. Овој фикус ќе им помогне на оние личности кои подолго време престојуваат во собата во која се наоѓаат, а и ќе го украси целиот простор.rn

4. Сансеверија (Sansevieria Trifasciata)

rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОва растение е особено добро за дишните патишта и имунитетот на телото. Ја намалува главоболката и го снижува крвниот притисок, како и ја неутрализира количината на јаглероден диоксид во просторијата во текот на ноќта. Сансеверијата гарантира добар одмор.rn

5. Нефролепис (Nephrolepis)

rn5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницатаrnrnОвој домашен папрат е богат со есенцијални масла, флавониди и други корисни материи кои имаат смирувачко дејство врз нервниот систем. Нефролеписот помага во соочувањето со последиците од стресот, а како резултат на тоа го олеснува и заспивањето.