Виетнам е земја полна со изненадувања. Има навистина интересна историја, природата е неверојатна, луѓето се пријателски настроени, цените ниски а храната е одлична. Доколку некогаш ја посетите оваа земја, немојте да ги одминете овие 5 неверојатни места.rn
1. Заливот Халонг
rn
rnrnОвој залив е еден од новите природни светски чуда. Има прекрасни карпи кои се издигнуваат од океанот и создаваат неверојатни пејзажи.rnrn
rnrnЗаливот можете да го посетите со брод, кој најверојатно ќе ве однесе и на островот Кат Ба. За време на турата ќе посетите и неколку пештери кои се создавале милиони години.rn
2. Далат
rn
rnrnОва е мало село во јужниот дел на државата. Се наоѓа на планините и е опкружено со големи фарми за кафе, шуми и реки со прекрасни водопади.rnrn
rnrnМалку луѓе знаат за ова место, па овде нема да сретнете многу туристи. Селото е шарено и има многу зеленило.rn
3. Плажа во џунглата
rn
rnrnОва е мала плажа која се наоѓа веднаш до неколку ридови полни со егзотични дрвја. Овде има многу малку хостели, па речиси и да нема луѓе.rnrn
rnrnОвде ќе спиете во бамбусови колиби веднаш до плажата, а храната е одлична.rn
4. Сон Дунг
rn
rnrnПештерите Сон Дунг се можеби најимпресивните пештери кои ќе ги видите во вашиот живот. Овој систем од пештери е еден од најголемите во светот и се создавал неколку милиони години.rnrn
rnrnНа некои места таванот во пештерите достигнува и 200 метри, а целата површина е повеќе од 38 милиони метри кубни. Овде има и разни активности како искачување и истражување на пештерата во темница.rn
5. Сапа или Бак Кан
rn
rnrnСеверниот дел на оваа држава е можеби најубав. Целиот пејзаж е речиси недопрен. Ќе најдете многу малку луѓе, и само по некое село по патот. Сапа е позната тераса за ориз северно од Ханои, исто како Бак Кан.rnrn
rnrnБак Кан е може дури и поубаво од Сапа, но без разлика кое место и да го одберете, нема да погрешите.rnrnПогледнете и зошто треба да ја посетите магичната Индија.