КАФЕ ПАУЗА

4 вистини кои ќе ви помогнат подобро да ги разбирате мажите на различна возраст

Иако жените често се склони да мислат дека мажите се површини и не толку комплексни како нив, едно ново истражување го докажало токму спротивното. Припадниците на посилниот пол се покомплексни од кога било претходно. Истражувањето кое било спроведено на 3.500 жени и мажи, меѓу другото покажало и дека нивното однесување воопшто не е детско, баш напротив, тие се однесуваат комплексно и разновидно, на сите видови возрасти. Резултатите можеле да се групираат во 4 основни категории, давајќи ни 4 возрасни групи со свои специфични карактеристики на однесување во кои можат да се сместат сите мажи.rnrn4 вистини кои ќе ви помогнат подобро да ги разбирате мажите на различна возрастrnrn1. Нови традиционалисти – Мажи од 18 до 24 години на кои им се поважни семејството и пријателите од парите. Дружењето со пријателите им е пред љубовните состаноци, тие не се плашат од неуспех и не го поддржуваат честото менување на работата. Нивниот став е дека работата треба да се одвои од приватниот живот.rnrn2. Неуморни освојувачи на трофеи – Мажи од 25 до 34 години на кои им е важен изгледот и модата. Тие вежбаат со цел да изгледаат подобро, а не поради здравјето, преферираат познати брендови, сакаат да купуваат и патуваат. Сметаат дека профилот на социјалните мрежи им го отсликува нивниот карактер.rnrn3. Заборавената генерација X – Мажи од 35 до 44 години во кои се наоѓаат самоуверени мажи кои се задоволни со постигнувањата во животот и на кои сексот им е поважен од другите нешта. Тие вежбаат според изгледот, но и поради здравјето, загрижени се за стареењето, но не се срамат од производи кои се против стареење. Од сите групи тие најмалку користат социјални мрежи, но и најреално се прикажуваат на нив.rnrn4. Отстранувачи – Мажи од 45 до 54 години кои ги преиспитуваат своите вредности и не се плашат да стават крај на односите со пријателите и партнерите, односно да усвојат нови обрасци на однесување. Горди се на сè што стекнале, не размислуваат за производи против стареењето и поважно им е да се чувствуваат добро, отколку да изгледаат добро. Тие обожаваат да патуваат.