Кој сака да биде личноста што јаде салата додека сите други уживаат во хамбургери? Сите луѓе имаат свои пороци. Но, овој свет е исполнет со фотографии и блогови за храна, па љубовта кон храната е таа што нè поврзува. Според едно швајцарско истражување, одредени црти на личноста влијаат на тоа дали ќе посегнете по вкусна храна, како пица и чоколадо. Но, тоа може да биде опасно затоа што психолозите откриле дека постојат 4 вида луѓе кај кои постои ризик од прејадување.rnrn
rn
1. Чувствителни луѓе
rnПостои причина зошто во романтичните комедии се користи клишето „сладолед“ кога женскиот протагонист се труди да го преболи раскинувањето.rnrnИстражувањето открива дека емоционалното јадење е дефинитивно нешто во кое чувствителните луѓе многу често се впуштаат.rn
2. Екстроверти
rnМожеби претпоставувате дека интровертите се оние што јадат повеќе затоа што тие повеќе се склони да јадат кога се сами, но ова истражување открива нешто друго.rnrnВсушност, кај екстровертите постои поголем ризик од прејадување затоа што тие почесто јадат надвор, а порциите во рестораните се поголеми.rn
3. Невротични луѓе
rnИстражувањето открило дека и луѓето кои се невротични се жртви на емоционалното јадење, поради нивната нестабилност. Исто така, невротичните луѓе почесто посегнуваат по слатка и зачинета храна.rn
4. Луѓе што им угодуваат на сите
rnАко сте личност што мрази конфликти, тогаш веројатноста дека ќе ја натрупате вашата чинија со храна е многу голема.rnrnИстражувањата покажуваат дека оние луѓе што се трудат да ги задоволат сите се склони да јадат повеќе во друштво само за другите да се чувствуваат пријатно.rnrnПрочитајте како да се справите со прејадувањето предизвикано од емпатија.