Можеби недостатоците во врската ви изгледаат незначајни на почетокот, но тие со текот на времето стануваат сè поважни, што на крајот може да доведе до раскинување. Прочитајте кои се негативните карактеристики на секој хороскопски знак што ги уништуваат дури и најсилните односи.rnrn
rn
Овен: Дозволувате вашиот гнев да ве контролира
rnКога ќе се налути, Овенот кажува сè што му паѓа на памет без да размислува за последиците, заборавајќи дека еднаш изговорените зборови не можат да се повлечат.rnrnДа се лутите е во ред, но во умерени количини. Ако дозволувате да ве обзема бес секој пат кога ќе се расправате со некого, на крајот ќе ја доведете вашата врска со саканата личност до точка од која нема враќање.rnrnЗатоа, престанете да бидете лути цело време и одвојте време за размислување. Ако смирено им пристапувате на расправиите и на дискусиите, ќе видите дека полесно ќе ја решите спорната ситуација.rn
Бик: Секогаш негодувате за нешто
rnБикот може да ѝ наштети на својата врска со тоа што постојано се лути и постојано негодува за нешто. Најголемиот недостаток на припадниците на овој хороскопски знак е тоа што тие се лутат на некого или на нешто како животот да им зависи од тоа.rnrnАко го повредите Бикот, тој никогаш нема да го заборави тоа и нема да ви прости.rnrnИако потиснувањето на емоциите е погрешно, тоа не значи дека треба да се повредувате себеси со старите рани. Обидете се да ја следите мантрата „простете и заборавете“. Ова можеби звучи како предизвик, но ако сакате стабилна и долготрајна врска, сигурно ќе ја совладате.rn
Близнаци: Никогаш не го слушате партнерот
rnБлизнаците речиси никогаш не го слушаат својот партнер иако комуникацијата е една од најважните работи кога станува збор за создавањето силна врска. За жал, Близнаците често го забораваат тоа.rnrnЗа врската да биде успешна, двајцата партнери треба да слушнат што треба да каже другиот, особено кога станува збор за нивните мислења и чувства. Сепак, Близнаците имаат тенденција да зборуваат само за себе и за своите проблеми. Тие можат да претворат сè во приказна за себе, честопати заборавајќи дека на нивниот партнер му е потребна емоционална и ментална поддршка.rnrnЗатоа, треба да се обидете да ги слушате повеќе оние за кои се грижите. Фокусирајте се на потребите на вашиот партнер. Обидете се да разберете што се обидува да ви каже и да работите на тоа. Имајте на ум дека понекогаш е доволно само да имате некој што ќе ве слуша за да се чувствувате подобро.rn
Рак: Сè сфаќате лично
rnРакот негативно влијае на својата врска така што сè сфаќа лично. Личностите родени во овој хороскопски знак се чувствителни, но иако ова е позитивна карактеристика во повеќето случаи, таа може да стане негативна со текот на времето бидејќи постои многу тенка линија помеѓу чувствителноста и пречувствителноста.rnrnАко дозволите дури и најмалите детали да влијаат на вашите емоции, вие всушност барате од партнерот да биде постојано внимателен кога е околу вас, што може да предизвика замор и фрустрации.rnrnНе се вознемирувајте за ситници и обидете се да станете ментално посилни. Ова не само што ќе ја спаси вашата врска, туку и ќе го натера вашиот партнер повеќе да ве цени и да ве почитува.rn
Лав: Вие сте многу доминантни по природа
rnСвојата врска можете да ја уништите ако постојано доминирате. Во вашата природа ви е да бидете главни, а тоа е веројатно најголемата причина зошто вашите врски не траат долго.rnrnДа бидете бестрашни и постојано да заповедувате може да бидат привлечни особини, но не и кога партнерот се чувствува потценет поради тоа.rnrnАко поголемиот дел од времето сакате сè да биде по ваше без да размислувате за партнерот, запрашајте се како би се чувствувале ако ситуацијата е обратна?rnrnПотрудете се да го ставите партнерот на прво место и фокусирајте се на она што тој го сака од вас. Не мора целосно да ја жртвувате вашата потреба да бидете главни, но ако сакате среќна и долга врска, тогаш вашиот партнер е императив и треба да го третирате како да сте еднакви.rn
Девица: Мислите дека сте најпаметната личност на светот
rnДевиците мислат дека знаат сè и тоа може да има негативно влијание врз односите со луѓето, вклучувајќи го и партнерот. Девиците по природа се паметни и интелигентни личности, но тоа понекогаш може да има лоши последици.rnrnАко постојано го омаловажувате вашиот партнер и никогаш не го земате предвид неговото мислење, ја загрозувате вашата врска.rnrnПотрудете се да ги слушнете другите што имаат да кажат и научете да ги прифаќате туѓите мислења затоа што вие не сте секогаш единствените кои се во право. Ќе бидете изненадени кога работите ќе почнат да се подобруваат.rn
Вага: Ги потиснувате вашите емоции
rnВагите генерално се однесуваат како зрели индивидуи, но во негативни ситуации тие знаат да ги потиснат своите чувства и да се преправаат дека сè е во ред. Тоа не само што има негативен ефект врз нивната психа, туку може да има негативно влијание и врз партнерот.rnrnСосема е нормално работите да тргнат наопаку и да не бидат постојано совршени. Сепак, потиснувањето на емоциите никогаш не може да биде корисно и ќе направи повеќе штета отколку корист.rnrnАко не му кажете на партнерот што ви се случува во главата и во срцето, тогаш како ќе го решите тоа?rn
Скорпија: Постојано велите „не“
rnСкорпиите може да ја уништат својата врска затоа што постојано кажуваат „не“ на сè. Оваа навика ќе го натера партнерот да мисли дека сте негативна личност.rnrnИсто така, треба да размислите за чувствата на другите луѓе пред да кажете „не“. Ако вашиот партнер сака да проба нешто ново, би можеле да попуштите само за да го израдувате. Дури и ако не е нешто што вие го сакате, можете да направите компромис за да го направите среќен.rn
Стрелец: Се обидувате да избегате од секоја врска
rnСтрелецот постојано се обидува да најде начин за излез од врската и секогаш бара изговори за да ја прекине наместо да вложува напори и да се потруди да ја направи успешна. Стрелците може да ги истакнат сите негативни страни на врската и да ги искористат како причина за раскинување.rnrnМеѓучовечките односи понекогаш може да бидат тешки, но не треба да се фокусирате само на негативните страни.rnrnСтрелците по природа се оптимисти, така што ќе биде добро да бидат оптимисти и за својата врска.rn
Јарец: Постојано критикувате
rnЈарецот е познат по тоа што има остар јазик, но понекогаш заборава како тоа може да влијае на другите. Добро ги проценуваат врската и партнерот и ги забележуваат дури и најмалите грешки, не сфаќајќи дека никој не е совршен, дури ни самите тие.rnrnАко имате премногу големи очекувања од партнерот и ако го критикувате за секој чекор, тоа нема да ви помогне да ја одржувате врската. Престанете да го критикувате партнерот цело време и научете да го цените.rn
Водолија: Знаете да бидете исклучително повлечени и ладни
rnАко партнерот ви побара совет или емотивна поддршка, вашата студена природа може да ја влоши врската со него.rnrnИмајте на ум дека секоја личност има потреба од поддршка и дека вие како партнер треба да ја дадете таа поддршка. Дури и ако се чувствувате непријатно, важно е вашиот партнер да знае дека вие секогаш ќе бидете тука за него.rn
Риби: Постојано се жалите
rnАко постојано се жалите и никогаш не ги прифаќате решенијата што ви ги нуди некој друг, тоа може да биде штетно за вашата врска. Можете ли да замислите колку е фрустрирачки за вашиот партнер ако постојано слуша како се жалите од него?rnrnНаместо да се фокусирате на негативните работи, обидете се да се фокусирате на позитивните. Ова ќе ви помогне да најдете решение за вашите проблеми, а исто така ќе знаете дека вашиот партнер не се чувствува постојано негативно и под притисок.rnrnПрочитајте што прави секој хороскопски знак кога се сомнева во врската.