Иако повеќето фанови на оваа серија не се големи љубители на ликот и делото на Миранда, таа е всушност многу инспиративна. Синтија Никсон одлично ја претставува жената која секогаш цврсто стои на земјата и го кажува она што го мисли. Секогаш саркастична, цинична, со остар ум и без влакна на јазикот, Миранда Хобс е еден од најдобрите ликови во целата серија. Прочитајте зошто секоја жена би требало да има пријателка како Миранда…rnrn
rn
1. Миранда секогаш ја кажува вистината
rnТаа никогаш не ги задржува мислите за себе и секогаш отворено кажува какви последици ќе произлезат од непромислените одлуки на нејзините пријателки. Многумина ѝ замеруваат поради тоа, но зар не е полошо кога некој ни го кажува она што сакаме да го чуеме, а ја говори вистината веднаш штом го завртиме грбот? Миранда е како гласот на разумот што секогаш им помага на нејзините пријателки да го пронајдат вистинскиот пат.rn
2. Не им дозволува на туѓите мислења да ја поколебаат
rnСе сеќавате на сцената кога нејзината куќна помошничка Магда стави икона од Дева Марија во нејзината соба? Миранда веднаш ја тргна иконата, се соочи со Магда и отворено кажа дека ужива во кафето, купечките пити и вибраторите и воопшто не се срами тоа да го признае!rnrn
rn
3. Миранда е најреалниот лик во серијата
rnТаа постојано се анализира себеси, своите мисли и постапки. Таа се обидува да сфати како светот околу неа функционира. Иако уживаме кога ликовите од серијата нѐ носат во свет поразличен од оној во кој живееме, Миранда успева да нѐ задржи цврсто на земјата. Освен тоа, таа ни нуди одличен поглед кон работите кој можеби и самите би требало да го применувам одвреме-навреме.rn
4. Таа секогаш застанува на страната на нејзините пријателки и ги заштитува
rnДури и тогаш кога тие ќе ја повредат, разочараат со нивните зборови или ѝ се налутат поради нејзините остри коментари, Миранда никогаш не им го врти грбот на нејзините пријателки. Сите ние посакуваме да имаме и да бидеме такви пријатели!rnrnДоколку ја обожавате оваа ТВ серија, прочитајте ги и овие лекции кои ги научивме од „Сексот и градот“.