Хијалуронската киселина станува сè попопуларна. Изненадувачки, тоа е супстанца која е природно присутна во човечкото тело, а не хемикалија како што многумина мислат.
Многумина користат производи со хијалуронска киселина и таа е важен дел од нивниот ритуал за убавина, но зошто? Прочитајте кои се најголемите придоивки од неа!
rn
1. Хидратација
rnХијалуронската киселина е како голема чаша вода за вашата кожа. Продира во надворешниот слој на кожата и ги хидрира клетките испорачувајќи подмладувачка влага и вредни хранливи материи.rn
2. Зголемена еластичност
rnХијалуронската молекула додава хидратација и ја зголемува еластичноста на кожата со заштита на нејзината липидна бариера. На овој начин кожата е способна да се одбрани од загадувачи и други фактори на животната средина. Како резултат, кожата останува помалку збрчкана, посветла и подолго еластична.
rn
3. Затегнатост
rnНикој не сака опуштена кожа. Иако хијалуронската киселина нема да го спречи стареењето, та може да помогне при затегнувањето на кожата. Хијалуронскиот серум ќе ја наполни кожата со влага и ќе го затегне целокупниот тен. Ова значи младешки изглед и цврсти контури.rn
4. Помазна текстура
rnЕдно од најдобрите својства на хијалуронска киселина е тоа што ја прави кожата да изгледа поцврста и помазна.rn
5. Помалку брчки
rnНикогаш не е рано да започнете со негување и заштита на вашата кожа. Што е најважно, хијалуронска киселина е погодна за сите возрасни групи. Ги прави фините линии и брчките помалку видливи и ја задржува влажноста во кожата.
rn
6. Стимулира регенерација на клетките
rnХијалуронска киселина помага во промовирање на регенерацијата на клетките на кожата што доведува до поздрава кожа.rn
7. Свежина
rnГолема заблуда е дека за мрсна кожа не е потребна хидратација, но, всушност, го прави тоа. Хијалуронска киселина промовира правилен баланс на влага и спречува хиперпродукција на масло.
Прочитајте кои 7 намирници што ги намалуваат лузните од акни.

