На сите ни е јасно дека 2020 година не беше најдобра година, но тоа не значи дека нема работи за кои треба да бидеме благодарни. Оваа година донесе огромен број предизвици, но и добри работи. Постојаното жалење за 2020 година нема да ја промени ситуацијата во која се наоѓаме сите сега, а ширењето негативност прави повеќе штета отколку што претпоставувате. Ако сте постојано негативни во однос на 2020 година, таа негативна енергија ќе ја ширите наоколу како самиот коронавирус. Ако се борите да ја видите светлата страна на овој едногодишен вртлог, продолжете да читате за да дознаете за кои работи што можете да бидете благодарни за 2020 година.rnrn
rn
1. Поминувавме повеќе време со нашите миленици
rnИако луѓето ја сметаат оваа година за една од најлошите, вашите крзнени пријатели сигурно сметаат дека ова е најдобрата година досега. Со работењето од дома, имавте можност да бидете покрај вашите миленици повеќе од кога било досега. Луѓето секогаш се жалеа дека мразат да ги оставаат своите миленици сами кога одат на работа, а сега не мора да го прават тоа.rnrnИсто така, домашните миленици помагаат при справувањето со стресот и со вознемиреноста. Докажано е дека галењето на вашето крзнено милениче ви помага да се смирите побрзо кога сте под стрес, а играњето со него го зголемува нивото на допамин и серотонин, што ве прави посреќни.rn
2. Поминавме повеќе време на отворено
rnОткако бевме присилени да бидеме затворени дома поради карантинот, потоа сите решивме да поминеме повеќе време во природа. Немајќи каде да одиме, освен во дневната соба или на отворено, сите одлучивме да одиме на прошетки на отворено.rn
3. Имавме време за нови (и стари) хобија
rnРечиси сите сме имале желба за некое хоби што всушност никогаш не сме го стекнале затоа што сме немале доволно време. Некои луѓе се занимаваа со уметност, други готвеа, трети испробуваа некои нови работи што ги виделе на социјалните мрежи.rnrnМногумина од нас пронајдоа нешто ново во кое уживаа или имаа слободно време за да му се посветат на своето омилено хоби.rn
4. Станавме поблиски едни со други
rnНајважното нешто што треба да го научиме од 2020 година е тоа дека треба да бидеме тука за другите. Луѓето донира за хуманитарни цели, поддржува мали бизниси и им помага на здравствените работници. Се залагаа едни за други и ги користеа сите свои ресурси за да си помагаат меѓусебно.rnrnПрочитајте што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата.