КАФЕ ПАУЗА

4 господа во одминати години кои сепак се посилни од вас

4 господа во одминати години кои сепак се посилни од вас

Овие неколку луѓе се веќе во години, но и покрај тоа се во одлична физичка и психичка кондиција. Ако сте помлади од нив, нека ви послужат како инспирација и показател за тоа колку далеку можете и вие да стигнете.rnrn

Рон Гелис

rnНа свои 65 години овој човек учествува во Кросфит натпревари, веќе зад себе има и 20 маратони и кариера на инструктор по нуркање. Може да направи мртво подигнување со, за негова возраст, неверојатни 150 килограми, а трча 400 метри за солидни 1 минута и 10 секунди.rnrn4 господа во одминати години кои сепак се посилни од васrnrn

Хасинто Бонилја

rnХасинто Бонилја е најстариот натпреварувач кој кога било се појавил на Кросфит натпреварите. Последен пат се појавил таму на 74 години, но и денес сѐ уште е активен како инструктор. Има трчано и на маратони, поставувајќи солидни времиња, а неговите денешни перформанси се предизвик и за десетина години помлади атлети.rnrn4 господа во одминати години кои сепак се посилни од васrnrn

Јуичиро Миура

rnВо 1970 година Јуичиро Миура се спуштил на скии по Монт Еверест користејќи падобран за полесно да се справи со брзините од над 150 км/ч. Сепак, тој ден тој не го освоил и врвот. Тоа го сторил во 2003 година, станувајќи најстариот освојувач на „врвот на светот“ со 70 години. Неколку години подоцна тој рекорд му бил соборен, па во 2013 година, на 80 години повторно се качил на Монт Еверест и покрај двете претходни операции на срцето и предупредувањата од лекарите.rnrn4 господа во одминати години кои сепак се посилни од васrn

Тед Браун

rnТед Браун е единствениот британски натпреварувач во возрасната категорија над 80 години кој успеал да ја крене бараната минимална тежина. На 81 година успеал да крене извонредни 135 килограми.rnrn4 господа во одминати години кои сепак се посилни од вас
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.