Сè што треба да направите е да погледнете во својата дланка. Линијата на среќата уште се вика и линија на судбината, бидејќи открива каква судбина нè очекува. Се гледа на двете раце, но на десната е поважна.rnrn
rnrnПронајдете ја вашата линија на среќата и погледнете го значењето.rnrnВо најопшта смисла, доколку линијата на среќата е нагласена и јасна, тогаш во животот ќе ви се отвораат патишта (во зависност од подолните значења), а ако е бледа и испрекината, значи дека ќе мора добро да се запнете за да си го создадете сами патот.rnrn
rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Сатурновиот брег, значи дека ќе стекнете богатство и благосостојба, но присутна е и склоност кон скржавост и цицијашење.rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Јупитеровиот брег, загарантиран ви е исклучителен успех и среќа на сите полиња во животот. Најдобро е во ваков случај да се занимавате со она што го сакате.rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Венериниот брег (исклучиво во делот на дланката), секогаш ќе имате среќа во љубовта, но за другите работи ќе мора да се потрудите.rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Месечевиот брег, својата среќа ќе мора да ја пронајдете некаде далеку од местото каде што сте се родиле. Во спротивно, засекогаш ќе се чувствувате заробено.rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Меркуровиот брег, имате исклучителна ораторски дарба и способност за манипулација, посебно со употреба на зборови. Насочете се во таа насока и нема да згрешите. Можете да бидете одличен предавач, но и политичар.rnrnАко линијата на среќата ви започнува на Марсовиот брег, ќе имате изразени амбиции и висока позиција во општеството.rnrnСекако, на секое од овие значења мора да го примените и првото правило кое се однесува на тоа дали линијата ви е јасна или испрекината.rn
Ако ве интересира читање од дланка, прочитајте и:
rn
1. Што ви е запишано на дланките?
rn
2. Што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот?
rn