Пластичното шише е широко распространето низ светот, и најчесто не ни размислуваме за штетата што може да ни ја нанесе ако одново го полниме со вода. Со цел да ве предупредиме и да ви помогнеме да го заштитите вашето здравје, решивме да ги споделиме најголемите 3 начини на кои повторната употреба на пластичните шишиња влијае на вас и вашето тело.rn
1. Кои видови пластични шишиња испуштаат штетни хемикалии?
rn
rnrnПластичните шишиња можат да испуштаат многу опасни хемикалии, па затоа внимавајте на специјалниот знак на дното, односно на нумерираните триаголници што ни покажуваат каква пластика била користена за изработка.rnrnНа пример, оние со ознака 1 (PET или PETE) се безбедни само за една употреба. Откако ќе ги изложите на кислород или на високи температури, и особено на сончева светлина, шишето ќе исфрли токсични супстанци што ќе навлезат во водата.rnrn
rnrnПо секоја цена избегнувајте ги оние што се означени со 3 или 7 (PVC и PC) бидејќи исфрлаат хемикалии што се способни да навлезат во вашите пијалаци и храна, а долготрајното изложување може да ви предизвика сериозни проблеми со здравјето.rnrnШишињата направени со полиетилен (2 и 4) и полипропилен (5 и PP) се безбедни за повеќе употреби, но само ако во нив чувате ладна вода и редовно ги дезинфицирате.rn
2. Пластичните шишиња се идеална површина за растење на бактерии
rn
rnrnПиењето вода од искористени пластични шишиња е исто како да лижете тоалетна школка или кучешка играчка. Ако ги прашувате научниците, можеби дури и полошо. Количината на бактерии што расте во овие шишиња ги надминува сите безбедносни граници. Ние создаваме совршени услови за бактериите така што ги фаќаме шишињата со нечисти раце, не ги плакнеме доволно и чуваме топла вода во нив.rnrnПа што треба да правите за да се заштитите? Редовно мијте ги шишињата со топла сапунеста вода, оцет или антибактериска течност за плакнење уста.rn
3. Внимавајте на грлото на шишето
rn
rnrnДури и со темелното миење, ние сè уште можеме да се заразиме со труење од храна, па дури и со хепатитис А. Истражувањата покажуваат дека повеќе од бактериите живеат на грлото на шишињата бидејќи не се мијат доволно добро. Отворањето и затворањето со капаче дополнително предизвикува развивање на бактерии што подоцна ги голтате со водата. Па, за да бидете безбедни, користете цевка.rnrnКако да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?