Понекогаш на сите нас ни е потребно малку самотија, но човекот пред сѐ е општествено суштество и му е потребно присуство од други луѓе. Неодамнешно големо истражување открило во кои години најмалку сакаме да останеме сами.rnrn
rnrnПријателството била темата со кое се занимавало истражувањето спроведено на Универзитетот Оксфорд, во кое учествувале дури 3,2 милиони луѓе од европските држави. Првенствено акцентот бил на тоа во која доба од животот сме најсоцијални, а резултатите покажале дека најголем број пријатели имаме на 25 години.rnrnСтудијата исто така упатува на тоа дека полот има голема улога во тоа колку пријатели ќе имаме, односно дека мажите имаат повеќе пријатели од жените.rnrnПосле 25-та година бројот на пријатели започнува да опаѓа, што е и разумно, бидејќи во доцните дваесетти поголемиот дел од луѓето влегуваат во брак и основаат семејство, заради што имаме помалку време за пријателски дружења.rnrnИако после 25-тата година бројот на пријатели започнува да опаѓа, тоа не значи дека до крајот на животот ќе остане така. Всушност, истражувањето покажало дека во 45-тата година бројот на пријатели повторно започнува да расте, односно децата повеќе не зависат од родителите и повторно ќе имате повеќе време за пријателите и заедничките дружења.rnrnДознајте ги клучните причини зошто високо интелигентните личности имаат помалку блиски пријатели.
3 милиони луѓе потврдија: Во која доба од животот имаме најголем број пријатели?
