КАФЕ ПАУЗА

Креативни прослави на родендени во карантин

Креативни прослави на родендени во карантин

Поради моменталната пандемија не можеме да излеземе надвор и да ги славиме нашите родендени како што сакаме, но тоа не значи дека креативните прослави не можат да се случат и дома. Дури иако живеете сами, роденденот во карантин не мора да биде осамен.rnrnПрочитајте ги овие 5 приказни за луѓе кои на креативен начин го прославиле својот карантински роденден.rn

1. 68-ми роденден на „Zoom“ со пријатели од целиот свет

rnЕдна жена од Балтимор решила да направи виртуелна прослава на роденденот на својот сопруг со пријатели од целиот свет. Таа планирала сè преку мејл, земајќи ги предвид различните временски зони. На виртуелната прослава сите носеле роденденски капи и ја пееле роденденската песна, а исто така имале и свеќи на постер од торта.rnrnПотоа, секој член од семејството раскажал по нешто за роденденецот. Некои од коментарите биле дека тој бил посветен брачен другар, ги мотивирал децата да учат и неговата позитивност за моменталната ситуација го мотивира да го искористи времето за да ги поправи работите околу куќата, градината и да вежба јога.rnrnКреативни прослави на родендени во карантинrn

2. 5 годишното момче на кое му се остварил сонот

rnЕдна мајка од Чикаго сакала нејзиниот син да има забавен роденден, па бидејќи не можел да ги покани своите пријателчиња, таа решила да направи нешто креативно.rnrnМалото момче многу ги сакало против пожарните камиони, бидејќи се големи и гласни и секогаш се возбудувал кога ќе поминат покрај куќата.rnrnМајката слушнала дека една компанија за против пожарни камиони правела паради за луѓето во карантин, па решила да ги контактира. Тие биле многу зафатени, но не можеле да го одбијат малото момче. Таа исто така контактирала и една компанија за трамболини, па роденденот завршил со 15 автомобили од кои неколку биле против пожарни камиони, а останатите биле сопствениците на компанијата за трамболини.rnrnКреативни прослави на родендени во карантинrn

3. Виртуелна хавајска забава

rnЕдна жена планирала патување на островот Хаваи, но пандемијата и ги уништила сите планови. Таа живее сама, но решила да направи виртуелна хавајска забава, така што купила цвеќиња и пијалаци и ги испратила на своите пријатели. Таа направила и квизови за нејзините пријатели за да открие кој најдобро ја познава.rnrnЕдна од нејзините пријателки свирела укулеле, па сите заедно пееле и забавата навистина била во духот на Хаваи.rnrnКреативни прослави на родендени во карантинrn

4. Прославување на 6 родендени во 6 дена

rnПовеќето членови во семејството на една жена од градот Денвер имале родендени кои паѓаат во средината на април во иста недела, па тие секогаш имале многу родендени за славење. Потоа се омажила и нејзиниот сопруг имал роденден во истата недела, а нејзиното најстаро дете се родило на истиот ден како татко му. Тие секогаш славеле заедно и разменувале цвеќиња, но оваа година, бидејќи не можеле да се сретнат, решиле да нарачаат храна со цел да ги поддржат локалните бизниси.rnrnКреативни прослави на родендени во карантинrn

5. Виртуелна забава за танцување „Кралот тигар“

rnЕдна девојка која живее во Њујорк решила да го прослави својот роденден виртуелно со пријателите кои ги нема видено околу 20 години.rnrnНејзините пријатели ја прашале кои и се омилените песни, а потоа ја поканиле во апликацијата „Zoom“. Таа била многу изненадена кога видела околу 50 пријатели од целиот свет вклучени за да го прослават нејзиниот роденден. Наместо 2 часа, забавата траела подолго и сите уживале во пеењето и танцувањето на нејзините омилени песни. Забавата била наречена „Кралот тигар“ бидејќи славеничката била облечена во маица со тигар и соодветни хеланки кои и ги испратиле нејзините пријатели.rnrnКреативни прослави на родендени во карантинrnrnПогледнете ги овие фотографии од прекрасни погледи кои секој би сакал да ги има за време на изолација.