КАФЕ ПАУЗА

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправите

Written by

in

,

Лошото расположение постојано ни се случува на сите и на сите постојано ни успева да се извадиме од него. Тоа некогаш оди брзо, а некогаш побавно. Кога оди побавно, тоа е така затоа што не ги знаеме причините за да ги отстраниме. Затоа ви ги пренесуваме советите на психологот Гај Винч. Тој дава десет најчести причинители и начини како да се справиме со нив.rnrn10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправитеrn

1. Вина

rnДури и умереното чувство на вина може да направи хаос во расположението. Ако се каете поради некое ваше дело, најдобар начин да се справите со него е да пробате да се искупите со некој гест. Ако сте пропуштиле нечиј роденден, пратете порака со задоцнета честитка и со извинување, можеби и некој мал подарок, и веднаш ќе се чувствувате подобро. Барем ќе знаете дека, откако веќе сте згрешиле, сте го направиле најдоброто што можете.rn

2. Мали одбивања

rnОдбивањата се најчестата емоционална повреда, особено во денешната ера на социјални мрежи. За многумина кои ги користат, игнорирањето на нивните дејства може да боли. Споделувањето на неколку фотографии на кои буквално никој не реагира или пак не реагира никој од блиските за некој знае да биде непријатно искуство.rnrnСправете се со тоа така што ќе прифатите дека вашите пријатели честопати само поминуваат низ новостите без да им обрнат поголемо внимание. Можеби некој од нив ги видел сликите, му/ѝ се допаѓаат, но од некоја причина не сака јавно да го искаже тоа. Доколку навистина сакате да знаете зошто сте доживеале „одбивање“ на социјалните мрежи, Винч советува да им пратите порака на пријателите со прашање што мислат за тоа што сте го постирале.rn

3. Неисполнети тешко остварливи цели

rnНаметнувањето на тешко остварливи цели, кои често завршуваат со неуспех, може значително да го наруши расположението. Не очајувајте кога ќе дојде неуспехот. Немојте ниту да се нафрлите на себеси со секакви себеобвинувања. Направете план по кој ќе ги остварувате целите чекор по чекор и тргнете одново кон целта. Во таква ситуација нема што да се загуби, а може многу да се подобри расположението.rnrn10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправитеrn

4. Повторно преживување на минатото

rnМногумина од нас заглавуваат размислувајќи за минатото. За тоа што било, што не било, како можело да биде ако сте направеле тоа и тоа… Избавете се од таа стапица така што ќе си го одвлечете вниманието кон нешто поведро. Излезете надвор, видете се со некој, играјте видео игри… За неколку минути ќе се чувствувате многу подобро.rn

5. Лош ден

rnПонекогаш се случува да се разбудиме во лошо расположение без никаква причина или барем да не сме свесни за неа. Во такви моменти направете нешто што обично ве расположува. Не е важно што, важно е да ве усреќува. Видете се со пријател во чие друштво се чувствувате најубаво, испланирајте нешто што ве возбудува или облечете се во омилената облека. Потоа ќе биде полесно.rn

6. Страв од неуспех

rnЗа да се ослободите од овој силен уништувач на расположение обидете се да се фокусирате на работите кои се под ваша контрола. На останатото и онака не можете да влијаете. Ако сте пред важен испит, не можете да сторите ништо повеќе од повторување на материјалот. Тоа може да ви даде самодоверба.rnrn10 причини за лошо расположение и 10 начини за тоа брзо да го поправитеrn

7. Чувство на изолираност

rnТемпото на живот прави често да забораваме на нашите емоционални и социјални потреби. За нив ни требаат други луѓе, а поради нашите или обврските на другите не успеваме да ги реализираме. Решението е едноставно – јавете се некому. Ќе сфатите дека чувството на изолираност е неосновано.rn

8. Ситни нешта кои нервираат

rnЛоша услуга во кафеана, мал дефект на автомобилот или средба со некој кој константно ве иритира можат да ви го расипат денот. Според Винч, лекот е во гледањето на големата слика. Дали тоа што ве изнервирало ќе биде важно после една година? Одговорот ќе ве однесе на патот кон подобро расположение.rn

9. Глад

rnДа, дури и гладот може да предизвика пад на расположението. Решението е многу едноставно – треба само да прошетате до фрижидерот.rn

10. Исцрпеност

rnНедостатокот на одмор и особено на сон може лошо да влијае на начинот на кој гледате на работите, на креативноста и на размислувањето. Една дремка може брзо да го реши проблемот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.