Митовите се неизбежни. Замислете што би се случило доколку би верувале во сè што ќе чуеме или прочитаме? Често митовите ги сфаќаме како факти, а овде спаѓаат и оние за есенската рамноденица.
Есенската рамноденица започнува во недела, на 23-ти септември во северната хемисфера. Ова е првиот ден од сезоната на Вагата и е период кога Сонцето минува директно над екваторот. Денот ќе станува пократок сè до зимската краткодневица на 21-ви декември, 2018-та година. Па, погледнете некои од најпознатите митови за есенската рамноденица.rn
1. Митот за јајцето
rnМногумина веруваат дека можете да балансирате јајце на неговиот крај само за време на рамноденицата, благодарение на гравитацијата. Но, ова е мит бидејќи можете да го балансирате јајцето секогаш кога имате доволно трпение, и се разбира, совршено јајце. „Балансирањето на јајцето“ е всушност кинеска традиција што често се поврзува со пролетта. Јајцето е симбол на новиот живот.rn
rnvia GIPHYrn
2. Митот за еднаквото траење на денот и ноќта
rnЗборот рамноденица нè тера да веруваме дека сите точки на Земјата ќе имаат по 12 часа ден и 12 часа ноќ. Без разлика колку интересно звучи ова, не е целосно точно. Според поморската опсерваторија во САД, изгрејсонцето и зајдисонцето се периоди кога горниот дел од дискот на Сонцето е на хоризонтот. Ова значи дека зајдисонцето и изгрејсонцето се разликуваат на различни локации.rn
rnvia GIPHYrn
3. Митот за исчезнување на сенката
rnДруг интересен мит за есенската рамноденица е верувањето дека сезонската позиција на Сонцето автоматски ќе ја промени вашата сенка. Всушност, некои луѓе веруваат дека нивната сенка целосно ќе исчезне на пладне за време на рамноденицата. Но, за да се случи ова Сонцето треба да биде директно над некој кој стои на екваторот во 12 часот попладне на 23-ти септември. Па, немојте да се надевате дека вашата сенка ќе исчезне на овој ден.rn
Дознајте и нешто повеќе за симболичните значења на есента.

