КАФЕ ПАУЗА

Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Симболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно време

Самото спомнување на есента веднаш нѐ асоцира на удобна облека, вкусна храна, топли чаеви и магична атмосфера, но симболичните значења на есента се многу подлабоки отколку што мислите. Древните култури, науката и астрологијата го поврзуваат ова годишно време со многу аспекти од човечкиот живот. Несомнено е дека есента е најдоброто време за самоанализа, подигнување на свеста и збогатување на мудроста. За да можете да го разберете ова подобро, прочитајте ги следните симболични значења на најволшебното годишно време…rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

Промена

rnГрчкиот филозоф Хераклит еднаш рекол „Единствената константа е промената“. Есента нѐ потсетува дека нашите тела, умови и опкружувања секогаш се развиваат. Таа ја истакнува непостојаноста на животот и потенцира колку е важно да се биде присутен во сегашноста. На тој начин, ќе можеме да го спасиме она што го имаме пред да исчезне.rn

Мистерија

rnБлагодарение на променливата природа на животот, секој ден е исполнет со нови мистерии. Сувиот есенски воздух и промената на лисјата ја отсликуваат таа мистериозност. Само тогаш кога ќе ги прифатиме тие мистерии, ќе можеме да го живееме животот со полни гради. Во секој случај, утешително е да се знае дека сите се наоѓаме во истиот брод и пловиме по истото мистериозно море.rn

Зачувување

rnЕсента ја претставува животната заштита и неопходните потреби. Во текот на овој период, животните се подготвуваат за зимата со тоа што складираат храна и градат удобни и топли засолништа. Земјоделците ја заштитуваат есенската жетва и чуваат големи резерви на житни растенија. Исто така, сите ние обично се повлекуваме во домот и се фокусираме на тоа да создадеме безбеден и удобен дом. На некој начин, есента ни нуди можност одново да се поврземе со самите себе и да го зачуваме нашето сигурно засолниште.rn

Заштита

rnКако што летото се трансформира во есента, така ние почнуваме да се штитиме себеси со тоа што носиме повеќе слоеви облека од подебел материјал. Исто така, се фокусираме на нашето здравје и се обидуваме да го подобриме имунитетот преку здрави навики и исхрана. Есента ја подигнува свеста на луѓето за самите себе и за нивното опкружување.rnrnСимболични значења на есента кои ја докажуваат неверојатната убавина на ова годишно времеrn

Удобност

rnЕсента исто така се поврзува и со удобноста. Ова годишно време ја нуди вистинската можност да пронајдете комфор кој ќе ве заштити од ниските температури. Создадете си удобно катче и откријте што е тоа што прави да се чувствувате згрижено и безбедно.rn

Баланс

rnДолжината на денот и ноќта е иста за време на есенската рамноденица. Како последица од тоа, древните култури отсекогаш го поврзувале тој ден со воспоставувањето рамнотежа. Освен тоа, сонцето влегува во Вага која е знак на балансот. Есента ни нуди можност да постигнеме хармонија со Земјата и да воспоставиме внатрешна рамнотежа.rn

Ослободување

rnТемпературите се снижуваат во ритамот на паѓањето на лисјата што ја отсликува убавината на ослободувањето. Ова годишно време ја претставува смртта, но на привлечен и фасцинантен начин. Смртта не мора да означува нешто морничаво и ужасно. Наместо тоа, концептот на смртта можеме да го поврземе со нашето внатрешно его и потреба од алчност и гордост. Идејата на ослободувањето од нештата исто така ја потенцира привремената природа на сѐ што нѐ опкружува.