25 неверојатни екстреми на Земјата

Сподели

Кога станува збор за планетите, Земјата е релативно умерена во однос на климата и географијата. Но, и нашата планета има многу изненадувачки екстремни места. Многу од овие места се ненаселиви или целосно недостапни за луѓето. Погледнете некои од најневеројатните.

Реклама
Реклама

rn

Реклама
Реклама

1. Најтоплото населено место: Далол, Етиопија

rnСо просечна дневна температура од 34,4 степени Целзиусови, не е ни чудно што ова место во последно време е град на духови.rn

2. Најдлабока пештера: Пештерата Крубера

rnОткриена во Абказија, оваа пештера е единствена позната на Земјата што е подлабока од 2.000 метри.rn

Реклама
Реклама

3. Највисока точка: Монт Еверест

rnОсвоен од речиси 3.000 планинари, овој врв се издига на височина од 8.848 метри над морето.rn

4. Најоддалечена точка од центарот на Земјата: Чимборазо, Еквадор

rnИако врвот на Монт Еверест е највисоката точка над нивото на морето, поради нерамнините и ротацијата, врвот Чимборазо е најоддалечен од центарот на Земјата.rn

5. Најосамен остров: Островот Бувет

rnОвој мал ненаселен норвешки остров во Јужниот Атлантски Океан е оддалечен речиси 1.610 километри од Антарктикот и речиси 2.400 километри од Јужна Африка.

rn

6. Најоддалечената континентална точка: Недостижната точка на Антарктикот

rnОва е точка на континентот што е најоддалечена од кој било океан. Од седумте континенти, Антарктикот е најосамен.rn

7. Најрамното место: Салар де Ујуни, Боливија

rnФормирана од неколку пресушени езера, најголемата рамна површина сол изнесува цели 10.582 километри квадратни.rn

8. Највисокото езеро: Езерото Титикака

rnНа висина од 3.812 метри, ова езеро на границата на Перу и Боливија е и најголемо во Јужна Америка.rn

9. Најниска точка на копно: Брегот на Мртвото Море

rnОваа точка се наоѓа на 418 метри под нивото на морето и ги дели Израел, Јордан и Западниот Брег.rn

10. Најдолгиот планински венец: Андите, Јужна Америка

rnОвој планински венец се протега на речиси 8.000 километри, низ 7 американски држави.

rn

11. Најдлабока вештачка дупка: Супер дупката Кола

rnЦелта на руските научници им била да копаат додека не можат да копаат повеќе и стигнале на длабочина од 12.262 метри.rn

12. Најврнежливо место: Чоко, Колумбија

rnВо овој регион во Колумбија врнат 11.770 центиметри дожд годишно.rn

13. Најсуво место: Пустината Атакама, Чиле

rnОвде е толку суво што помеѓу октомври 1903-та и јануари 1918-та година не паднала ниту една капка дожд. Ова е најдолгиот период без дожд што е забележан.rn

14. Најнаселена државата што не излегува на море: Етиопија

rnОвде живеат над 70 милиони луѓе без брег.rn

15. Најголем вертикален пад: Планината Тор, Канада

rnСо височина од 1.250 метри и просечен агол од 105 степени, оваа планина е омилена помеѓу планинарите.

rn

16. Најстудено населено место: Ојмјакон, Русија

rnВо овој град со 400 жители, температурите се под нулата 7 месеци во годината.rn

17. Најветровито место: Заливот Комонвелт, Антарктик

rnСо ветрови кои редовно надминуваат и 240 километри на час, ова е најветровитото место на Земјата.rn

18. Највисок водопад: Водопадот Ејнџел, Венецуела

rnВодопадот е толку висок што водата испарува пред да стигне до Земјата. Висината на водопадот е 978 метри.rn

19. Највисок планински премин: Марсимик Ла, Индија

rnОвој пат на височина од 5.582 метри се смета за највисокиот прооден пат во светот.rn

20. Најголемо езеро со слатка вода: Горно Езеро (Супериор)

rnОва езеро се наоѓа помеѓу САД и Канада и има површина од 82.400 километри квадратни.

rn

21. Најдолг брег: Канада

rnБрегот на Канада е долг 243.000 километри и ќе ви бидат потребни 33 години да го изодите ако секојдневно минувате по 19 километри.rn

22. Најголема клисура: Големиот Кањон, САД

rnСо должина од над 350 километри и длабочина над 1,5 километри, најголемата клисура е дело на реката Колорадо.rn

23. Најдолг глечер: Ламберт-Фишер, Антарктик

rnНајдолгиот глечер во светот се протега на растојание од над 160 километри.rn

24. Најкратката река: Реката Рое, Монтана

rnНикој не прашува за најкратката река на светот, но денес ќе научите и за неа. Реката Рое има должина од само 60 метри и е именувана како најкратка река на светот од Гинисовата книга на рекорди.rn

25. Најниска точка: Челинџер Дип

rnЛоцирана на дното на Маријанскиот ров на длабочина од 10.911 метри под нивото на морето, ова е најниската точка на Земјата. Ја имаат стигнато само тројца луѓе.

Прочитајте ги и овие факти за Земјата што сигурно не сте ги знаеле.

Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →
Следна: Ева Јовановска Евче – среда во 20:00

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира