rn
16. Каменот Чинтамани
rnОвој магичен предмет потекнува од индиската и будистичката митологија, и може да исполнува желби. Според легендата, тој паднал од небото во Тибет помеѓу древните Будисти кои мислеле дека е некаков духовен накит. Неговата моќ била толку голема (и опасна) што тие го пратиле во тајниот град Шамбала. Каменот имал моќ да лечи болести и да ја прочистува водата, како метафора на учењата на Буда.rn
17. Праските на бесмртноста
rnОвие праски потекнуваат од кинеската митологија. Тие биле одгледувани од Божествената кралица мајка која живеела во планините во западна Кина. Таа имала 3.600 дрва од овие праски кои гарантирале вечна младост. Тие созревале само на секои 100 години, но секои 500 години кралицата канела 8 бесмртници и организирала банкет. Во Кина овие праски и денес се симбол за долговечност.rn
18. Паир Дадени (Котелот за повторно раѓање)
rnОвој котел потекнува од велшката митологија. Котелот бил во сопственост на еден пар џинови кој пак му го подариле на еден крал кој ги примил кога ја напуштале Ирска. Потоа котелот му бил даден на кралот на Ирска кога тој се венчал со сестрата на кралот од Велс. Поради ова настанала војна, а Ирците ги ставале мртвите во котелот од каде што „воскреснувале“ без способност за говор, нешто како денешните зомби. Еден од браќата на кралот од Велс се фрлил жив во котелот и го уништил.rn
19. Чашата на Џамшид
rnСе сметало дека оваа чаша била полна со еликсир за бесмртност и му припаѓала на древниот ирански крал Џамшид. Се сметало и дека со чашата може да се гледаат сите 7 неба и целиот универзум.rn
20. Медовина на поезијата
rnВо нордиската митологија, секој што ќе се напие од оваа медовина станува поет или учител. Медовината била направена од Квасир, човек направен од плунките на боговите. Тој знаел буквално сè и не постоело прашање што не можел да го одговори. Две џуџиња го поканиле Квасир кај нив, го убиле и ја исцедиле неговата крв. Ја измешале со мед и ја претвориле во Медовината на поезијата.
Продолжува на следната страница…rn

