rn
14. Вселенски миризби
rnНе мирисаат само вселенските летала, туку мириса и самата вселена. Многу астронаути изјавиле дека почувствувале мирис на малина, метал или месо.rn
15. Давање отпор
rnАко случајно некој астронаут полуди, според протоколот на НАСА астронаутите треба да го заврзат и да му инјектираат средство за смирување.rnrn
rn
16. Брутален тренинг
rnТренингот на астронаутите воопшто не е лесен. За една вежба биле транспортирани во смрзнатата тундра на шума во Москва и требало да преживеат. Сето ова се дел од подготовките за Интернационалната вселенска станица.rn
17. Враќање на Земјата
rnПо предизвиците на вселенскиот живот, на некои астронаути не им е лесно повторно да се прилагодат на животот на Земјата. На пример, откако ја напуштил НАСА, Баз Олдрин имал сериозен проблем со алкохолизам и депресија и се развел 2 пати.rn
18. Животно осигурување
rnПоради високиот ризик, за астронаутите е навистина скапо да се осигурат. Ова најмногу важело за астронаутите од Аполо 11. За да го избегнат проблемот, тие потпишувале предмети како марки и фотографии и им ги оставале на семејствата. На овој начин семејствата ќе можеле да ги продаваат доколку нив им се случело нешто.rn
19. Вселенски болести
rnКако што влегуваат во вселената, физиолошкиот систем на астронаутите се вознемирува. Многумина од нив се соочиле со разни здравствени проблеми.rn
20. Прва помош
rnКај астронаутите секогаш постои ризик од повреда. Бидејќи немаат пристап до болници и лекари, тие поминуваат и медицинска обука.rnrn
rn
21. Шанси
rnНавистина е тешко да станете астронаут. Од 6.000 пријавени кандидати, НАСА одбира само 8.rn
22. Визуализација на неуспех
rnНаместо успех, астронаутите визуализираат неуспех. Тие се обидуваат да претпостават што сè може да тргне во погрешна насока и планираат како да го решат проблемот. На овој начин се поподготвени да се справат со опасностите.rn
23. Незнаење
rnАстронаутите сметаат дека стравот потекнува од незнаење. Поради ова веруваат дека знаењето навистина дава моќ. На пример, не се сите пајаци се опасни, а луѓето сепак се плашат од нив.rn
24. Испуштање гасови
rnБидејќи и астронаутите се луѓе, и тие испуштаат гасови. Нивните скафандери се опремени со филтер што ги отстранува метанот и јаглеродниот диоксид. Ова може да им го спаси животот. Гасовите предизвикани од цревните бактерии се на некој начин запаливи и се опасни во затворен сад.rn
25. Нормален живот
rnСпротивно на популарното верување, астронаутите не работат само кога ја напуштаат Земјата. Најчесто нивната работа е како и секоја друга и тие одат во вселенската агенција или завршуваат со работа од дома.rnrnПрочитајте ги и овие факти за вселената што веројатно не сте ги знаеле.