Колку ужасно место за живеење би бил светот без креативните луѓе. Можете ли воопшто да замислите живот без уметност? Погледнете кои се знаците кои укажуваат на тоа дека сте креативна личност.rnrn
rn
1. Проблем со авторитети
rnКреативните луѓе не сакаат да бидат во подредена позиција и повеќе сакаат кога самите си ги поставуваат правилата и должностите.rn
2. Тешко се поврзувате со други луѓе
rnМногумина сакаат да се вклопат во одредена заедница и ќе направат сѐ за да успеат во тоа, а креативните луѓе баш и не го разбираат тоа.rn
3. Сакате да решавате проблеми
rnДодека повеќето бегаат од проблемите, ваквите луѓе на нив гледаат како на уште еден предизвик.rn
4. Самите на себе сте си најголемиот критичар
rnОвие луѓе ќе направат некое креативно дело, на почетокот ќе бидат задоволни, а по некое време ќе најдат илјадници маани и начини на кои можело да биде направено уште подобро.rn
5. Поставувате прашања
rnКреативните луѓе сметаат дека оној што не е љубопитен, нема капацитет за создавање нови нешта.rnrn
rn
6. Носите тетратка каде и да одите
rnБидејќи како на друг начин би ги запомниле сите прекрасни идеи кои ќе им паднат на ум.rn
7. Наоѓате убавина во секојдневието
rnКреативните луѓе живеат во сегашноста и постојано се воодушевуваат на сето она што ги опкружува.rn
8. Отрпнати сте на одбивање
rnОдбивањето и потценувањето на работата на уметниците навистина може да биде болно на почетокот. Но, со текот на времето тие разбираат дека секој има различен вкус, се соземаат и продолжуваат понатаму.rn
9. Ја разбирате важноста на атмосферата
rnКреативните луѓе ѝ даваат голема важност на атмосферата. Постои причина зошто некои писатели поубаво творат на плажа, во некое кафуле или на клупа во паркот.rn
10. Мислите дека повеќето луѓе немаат вкус
rnТие мислат дека музиката, филмовите и книгите во кои другите уживаат се ужасни.rnrn
rnrn