Ако сакате да оставите добар прв впечаток, препорачливо е да пристигнете навреме на договореното место. Но, колку и да се обидуваат некои луѓе едноставно не се способни да го направат тоа. Причините за нивното доцнење може да бидат различни – им било потребно повеќе време да се подготват, им излегла обврска која не можат да ја одложат, нивните деца побарале нешто од нив… Како и да е, следниве 20 работи ќе ги разберат само луѓето кои постојано доцнат.rnrn
rn
1. Не го прават тоа намерно
rnЦелта на луѓето што доцнат не е да ве полудат од чекање. Тие не ви се лутат и не ве казнуваат со нивното доцнење.rn
2. Не можат да си го организираат времето
rnЛуѓето често мислат дека оние кои доцнат не го ценат нивното време. Тоа не е точно, тие едноставно не умеат добро да го организираат своето. Обично мислат дека можат да се подготват за половина час, но тоа често не им оди по план.rn
3. Пријателите не им веруваат
rnНивните пријатели се свесни дека кога ќе им кажат дека ќе пристигнат за 10 минути, тоа значи дека само што почнуваат со подготвување.rn
4. Обично се обидуваат да стигнат навреме
rnНавистина се е обидуваат, но вниманието често му е привлечено од нешто друго пред да излезат дома.rn
5. Ако имаат деца, ќе доцнат
rnА колку помали се децата, толку повеќе ќе доцнат. Тие секогаш треба да им помогнат на децата да пронајдат некоја играчка, да решат некоја задача од домашната или пак да го смират расплаканото дете.rn
6. Сакаат да изгледаат најдобро
rnПотребно е време за да изгледате добро. Особено ако станува збор за девојче, имајте на ум дека троши многу време во шминкање и правење фризури.rn
7. Страв им е дека ќе изгледаат како губитници
rnЗнаете што се случува кога ќе пристигнете на време? Голема е веројатноста да бидете први на месото. Тогаш треба да го извадете телефонот и да се преправате дека работите нешто за да не изгледате чудно.rn
8. Сакаат изговор ако ги извисите
rnАко стигнат навреме а нивните пријатели не се појават, тие сфаќаат дека се извисени. Но ако задоцнат а пријателите не се таму, може да се утешат со помислата дека ги испуштиле поради доцнењето.rn
9. Нивните будилници не се многу ефективни
rnТие често ја користат опцијата snooze на нивните аларми, и тоа повеќе пати. Па наместо да поспијат уште 5 минути, тие може да спијат уште цел час.rn
10. Другите секогаш им кажуваат да стигнат порано
rnКога нивните пријатели се договараат за во 7:30, нив им кажуваат да бидат таму во 7 часот. Но, ова функционира само 2-3 пати, додека да им стане јасно за вашата „измама“. Потоа тие ќе си додаваат половина час плус на времето кое ќе им го кажете.rn
11. Пристигањето на време ги излудува сите
rnПостојат ретки случаи кога овие луѓе се појавуваат на време. Тогаш пријателите ги гледаат навистина зачудено и не им е јасно зошто „пораниле“.rn
12. Понекогаш виновен е сообраќајниот метеж
rnПонекогаш овие луѓе навистина сакаат да стигнат навреме, но едноставно има премногу автомобили на патот. Речиси секој има задоцнето поради сообраќаен метеж.rn
13. Лесно им се одвлекува вниманието
rnОвие луѓе често пред излегување забележуваат дека не им е средена облеката, или пак дека не им се измиени садовите. Па наместо да го остават тоа за подоцна, се обидуваат да го средат тогаш.rn
14. Не знаат што да прават со вишок време
rnКога ќе им кажете дека ќе се среќавате во 6:30, но тие може да дојдат во 7 часот, нив не им е јасно што да прават. Не е добро да им давате дополнително време на луѓето кои доцнат.rn
15. Се откажале од смислувањето изговори
rnДури и изговорот да е вистина, луѓето кои доцнат со текот на времето се откажуваат од објаснувања. Бидејќи многу често измислуваат причини, тие се свесни дека сите ќе мислат дека лажат.rn
16. Пристигнуваат навреме еднаш годишно
rnКога во есен треба да ги вратиме часовниците еден час назад, им оди во прилог на луѓето кои доцнат па наредниот ден можно е да пристигнат навреме.rn
17. Понекогаш можат да стигнат навреме со малку планирање
rnАко добро пресметаат колку време ќе им треба да стигнат негде, и колку време ќе им треба да се подготват, можеби овие луѓе ќе почнат да доаѓаат навреме.rn
18. „Навреме“ има различно значење за нив
rnСпоред луѓето кои доцнат, навреме значи кој било период во наредните 20 минути. Ако треба да бидат негде во 7 часот, а тие пристигнат во 7:20, тие сметаат дека не задоцниле.rn
19. Треба да се прослави кога не доцнат
rnКога ќе пристигнат навреме а никој нема да го забележи тоа, овие луѓе сакаат да привлечат внимание за да се пофалат за нивниот достиг.rn
20. Тие всушност се многу смирени
rnЛуѓето кои доцнат нема да се вознемират ако задоцните вие. Голема е веројатноста воопшто да не го забележат тоа. Сепак ќе бидат зафатени со Фејсбук, правење фризура или миење садови.rnrnАко и вие имате навика постојано да доцните, овие совети ќе ви помогнат да го надминете тоа.
