Дали честопати се чувствувате како некаде да брзате и никогаш не стигате да ги завршите сите обврски коишто ги имате во текот на денот? Стручњаците велат дека основната грешка којашто ја правиме е во тоа што се однесуваме како да е проблемот во недостатокот од време, а не во самите нас. Како последица на тоа, го потценуваме времето кое нам ни е потребно за да завршиме некоја задача или пак, лажеме и закажуваме состанок во одредено време, иако сме потполно свесни дека нема да можеме да стигнеме. rnrnЕве што треба да направите доколку сакате да ја промените оваа лоша навика, за којашто сите луѓе околу вас ви замеруваат.
rn
1. Го одложувате станувањето од кревет
rnДоколку секое утро сте истоштени и спиете до последниот возможен момент кога сфаќате дека нема да имате време за да се подготвите, редно време е да почнете да планирате порано да си легнувате во кревет навечер. Голем број луѓе не спијат доволно часови во текот на ноќта, а недостатокот од сон навистина ја намалува вашата среќа и здравје. Не заборавајте, сонот е пред сѐ!rnrn
2. Веќе доцните, ама морате уште нешто да завршите
rnСе обидувате да завршите барем уште една работа пред да излезете наутро од дома? Ова е уште една особина на луѓето коишто стално доцнат. Доколку секогаш се трудите да одговорите на уште еден имејл или да наполните уште една машина за перење пред да излезете и поради тоа секогаш доцните на работа или на предавања, има попаметно решение. rnrnЗададете си задача откако ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација и потоа, откако ќе ви завршат дневните обврски, вратете се дома 10 минути порано. Кажете си себеси дека ви требаат токму тие 10 минути откако ќе пристигнете дома, за да ги разгледате тие брошури или сметки со кои планиравте да си го потрошите времето потребно за превоз сабајлето.rnrn
3. Го потценувате времето потребно за превоз?
rnМожеби вие упорно си кажувате себеси дека ви се потребни 20 минути за да стигнете до работа, но во суштина се најмалку 35. Тоа е така бидејќи никогаш не го пресметувате времето коешто ви е потребно за да стигнете до автобуската станица, да го чекате автобусот којшто неретко доцни или сосема изумувате дека во колата немате бензин, па не ви ни паѓа на памет дека на бензинската станица можеби ќе има цел ред со други коли пред вас.
За да не ви се случува ова и понатаму, од утре цело време гледајте на часовникот и измерете колку точно минути ви се потребни за да стигнете до посакуваната дестинација и додадете плус десетина минути, зашто честопати се случува да има гужви, протести или сообраќајки низ град. На тој начин ќе знаете точно во колку часот треба да излезете од дома, па ако го надминете тоа време, ќе знаете колку точно минути ќе доцните.rnrn
4. Каде ли ги оставивте клучевите, часовникот, телефонот, очилата за сонце?
rnНема нешто што повеќе оди на живци, од барањето изгубени предмети низ домот кога знаете дека веќе доцните. За да го избегнете овој проблем наутро, определете си место во домот каде што секогаш ќе ги оставате битните предмети, како на пример клучевите од автомобилот и секогаш оставајте ги од вечерта на истото место. Мобилните телефони честопати се губат низ домот, ама наместо да губите време барајќи го зад каучот, заѕвонете си од фиксниот телефон и проблемот е решен, а вие нема да задоцните и денес.rnrn
5. Си спремате сендвич за појадување?
rnНајекономично, а богами и највкусно е секогаш домашно приготвеното јадење. Доколку честопати си спремате сендвичи за на работа од дома и затоа доцните, правете го тоа од вечер и чувајте го во фрижидер во затворено кесе, од кое убаво ќе го истиснете воздухот и ќе го затворите со ластиче. Утрото сендвичот ќе биде подеднакво свеж, како да е тукушто приготвен, а вие ќе бидете сталожени наутро и нема да ве фаќа хистерија од трчање низ домот.
rn
6. Научете да се носите со последиците
rnДури и ако сте од оние коишто стално доцнат, сепак мора да признаете дека ќе стигнете навреме доколку станува збор за важни, неодложни обврски. Така на пример, нема си ја местите фризурата пред огледало повеќе одошто ви дозволува времето, кога треба да одите да го фатите летот на аеродром, зашто сте свесни дека авионот нема да ве чека вас. rnrnА има ли нешто полошо од тоа да задоцните на интервју за работа? Така треба да ги третирате и обврските и луѓето коишто ве чекаат да пристигнете во точно договореното време. Нареден пат кога ќе задоцните, ставете 50 денари во прасенцето за пари и тоа правете го секојпат кога нема да стигнете навреме. За одреден период ќе го наполните прасето со пари, кое само по себе ќе ви покаже колку сте неодговорна и несовесна личност!rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
