Треба да земеме предвид дека суеверијата водат потекло од митот и ритуалот. Kако такви тие се неразделни поими. Митот е приказна во која луѓето верувале уште во најстаро време, а ритуалот е чин со кој се избавувале од проблемите (болест, лоша среќа, молење итн.). Па со овие предзнаења многу лесно би можеле да ги сфатиме суеверијата.
Луѓето ширум светот, со цел да си објаснат некои појави и случувања си создавале свои приказни кои станале општо прифатени верувања, денес познати како суеверија.rn
Англија
rnВо средновековна Англија се верувало дека доколку новороденчето го префрлеле преку пита кашкавал ќе има просперитетен живот.
Со јадење марула може да се остане стерилен.
Клучот за одржување на младоста е во раздавањето желади.
rn
Русија
rnНосењето празна кофа носи лоша среќа.
Колку повеќе измет имате на покривот, толку повеќе пари ќе имате.
Доколку некој случајно ве згазне на ногата, вратете му. Самиот чин на згазнување предизвикува недоразбирање, кавга, па доколку му вратите, го затворате кругот и недоразбирањето во иднина би се избегнало.
rn
Јапонија
rnПајакот го сметаат за добар, но и за лош знак во зависниот во кој дел од деноноќието ќе го видат. Па доколку е преку ден, тоа е добар знак и не треба да се убие пајакот, но доколку го видат навечер тоа се смета за лоша среќа.
Кога се поминува низ гробишта треба палците да се стават во џеб за да се спасат од смртта.
Веруваат дека откако ќе се вратат од погреб не треба да влегуваат дома пред да си фрлат сол на главата, а тоа го сметаат како ритуал за прочистување.
rn
Индија
rnЛуѓето за време на помрачување на сонцето не излегуваат од своите домови затоа што веруваат дека зраците се штетни.
Среда и сабота не се сечат нокти и не се мие косата затоа што ќе им донесе несреќа.
Периодот на менструација на една жена симболизира нечистотија и тогаш таа не смее да влезе во кујна и во осветените места во домот.
Како заштита од уроци користат чили пиперки и лимони.
rn
Турција
rnСе избегнува џвакање мастика навечер, затоа што џвакањето го поврзуваат со враќањето на мртвите.
Ако коза ви помине преку патот тоа ќе ви донесе среќа, затоа што козите го апсорбирале злото.
rn
Нигерија
rnНекои веруваат дека бакнувањето на бебе во уста ќе го направи размазено во понатамошниот живот.
rn
Шпанија
rnЛуѓето точно во 12 часот на Нова година, јадат по 12 зрна грозје, верувајќи дека ќе им донесе добра среќа.

