На децата понекогаш им е многу тешко на училиште, бидејќи мораат да учат и да пораснат во успешни млади луѓе. Уште потешко станува ако наставниците почнат да им забрануваат одредени работи што на учениците им се омилени. Ова се 20-те секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот…rnrn
rn
1. Најдобри пријатели
rnВо едно училиште во југоисточен Лондон на децата им е забрането да имаат најдобри пријатели, бидејќи наставниците мислат дека учениците многу се вознемируваат кога пријателството ќе заврши. Сите сме се скарале со нашите пријатели повеќе пати, но и покрај тоа сме успеале да пораснеме како што треба. Можеби наставниците едноставно не сакаат учениците да се дружат за време на наставата.rn
2. Честитки за Денот на татковците
rnВо едно шкотско училиште на децата им е забрането да прават честитки за Денот на татковците од почит кон учениците кои живеат само со мајки. Звучи праведно, но што е со децата кои немаат мајка или имаат две мајки и двајца татковци?!rnrn
rn
3. Фејсбук
rnФејсбукот е вистинско зло според едно еврејско женско училиште во Њујорк. Девојчињата не смеат да ја користат оваа социјална мрежа дури ни дома. Наставничките мислат дека поради Фејсбук девојчињата станува помалку скромни.rn
4. Прегрнување
rnЕдно основно училиште во Нортхемптон решило дека прегрнувањето помеѓу учениците треба да биде забрането. Наставниците сметаат дека децата треба да научат да го почитуваат концептот за личен простор. Меѓутоа, децата и родителите не ја прифаќаат оваа забрана.rn
„На овој начин децата нема да стекнат социјални вештини во годините кога најмногу се развиваат“, изјавил еден од родителите.
rnЗошто би сакале да си ги прегрнете пријателите?! Многу е подобро да бидете антисоцијални!rnrn
rn
5. Ранци
rnНекои американски училишта веруваат дека носењето ранец или чанта во училница може да биде опасно поради сите оружја што може да бидат скриени внатре. Токму затоа, на учениците им е дозволено да носат само книги и училиштен прибор. Ранците мора да останат во нивните шкафчиња.rn
6. Хеланки
rnЕдно средно училиште во Масачусетс го сменило кодексот на облекување и ги забранило хеланките, бидејќи тие се несоодветна облека за учениците кои наскоро ќе влезат во светот на возрасните. Освен тоа, му го одвлекуваат вниманието на спротивниот пол. Очигледно.rnrn
rn
7. „LOL“ и други акроними
rnУчениците од едно училиште во Јужен Јоркшир не смеат да употребуваат „lol“, „brb“ и слични акроними. Наставниците сметаат дека само со оваа забрана ќе ги принудат учениците да употребуваат правилен англиски во секојдневната комуникација.rn
8. Гумени ластици
rnНеколку училишта во САД ги забраниле гумените ластици, бидејќи сметаат дека им го одвлекуваат вниманието на учениците. Според наставниците, децата премногу си играат со нив, а тоа им го одвлекува вниманието од наставата. Но, сите знаеме дека децата многу лесно ќе си најдат нова занимација.rnrn
rn
9. Брканица
rnВо некои училишта во САД на децата им е забрането да играат брканица! Причината за оваа забрана е тоа што децата се повредуваат физички и емоционално за време на оваа игра.rn
10. Ноќ на вештерките и Божиќ
rnНаставниците од едно училиште во Орегон ги забраниле сите работи типични за Божиќ од почит кон припадниците на други верски и религиски групи.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите необични забрани во училиштата ширум светот…rnrn