rn
11. Борби со снежни топки
rnЕдно англиско училиште пратило 2 ученика дома и ги суспендирало поради тоа што се бореле со снежни топки! Снежните топки биле забранети за да се зголеми безбедноста на сите деца. Добро прочитавте! Што е со сите тие генерации кои фрлале снежни топки надвор од училиштето? Како успеале да преживеат?rn
12. Кратки панталони за момчињата
rnЗа време на топлото лето, едно британско училиште вовело нов кодекс на облекување за учениците. Кратките панталони во училницата биле забранети за момчињата. Па така, тие решиле да се појават со здолништа. Никој не ги забранил здолништата. Околу 30 момчиња се појавиле на училиште по здолништа.rnrn
rn
13. Тоалетна хартија
rnНекои училишта во Велика Британија ја забраниле употребата на картонските туби од тоалетните хартии за училишни проекти за да се спречи ширењето бактерии. Не очекувајте да најдете тоалетни хартии во ова училиште.rn
14. Роденденски покани
rnЕдно британско училиште решило дека децата смеат да делат роденденски покани пред целото одделение, само доколку сите ученици се поканети. Во спротивно, тоа би било нељубезно и лошо. Дали ова ќе ги научи децата колку е важно да прават добри дела?rnrn
rn
15. Спинери
rnУчилиштата во САД и Велика Британија ја забраниле омилената играчка на новата генерација: Фиџет спинери. Причината за тоа е безбедноста и недостатокот на внимание за време на часовите. Инаку, оваа играчка најпрво била направена за децата кои страдаат од синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД) и аутизам, но станаа светски популарни и сите почнаа да ги користат.rn
16. Ugg чизми
rnЕдно американско училиште ги забранило Ugg чизмите поради една едноставна причина: Учениците криеле мобилни телефони во нив. Сега учениците мораат да облекуваат патики пред да влезат во училницата.rnrn
rn
17. Народна
rnПред 17 години, училиштата во САД почнале да ја забрануваат најпопуларна игра со топка – народна (dodgeball), со изговор дека е агресивна и небезбедна. Сега оваа игра е забранета речиси насекаде во САД.rn
18. Големи панделки
rnУчилиштата во Велика Британија им забранило на учениците да носат панделки во коса, бидејќи тие не одговарале на официјалниот кодекс на облекување и бидејќи го одвлекувале вниманието.rnrn
rn
19. Дуксери со качулка
rnЕдно училиште во Конектикат ги забранило дуксерите, бидејќи учениците така ги внесувале нивните смартфони во училницата. Децата си разговарале на месенџер со тоа што го криеле телефонот во предниот џеб на дуксерот. Паметни деца.rn
20. Црвено пенкало
rnЕдно британски училиште им забранило на наставниците да користат црвени пенкала кога ги оценувале тестовите на учениците. Наводно, тестовите „обоени“ со црвено пенкало им предизвикувале поголем стрес на младите ученици.rnrn
rnrnИ покрај забраните, учениците може да научат многу работи на училиште. Прочитајте за следниве необични вештини кои можете да ги научите во училиштата ширум целиот свет.
