КАФЕ ПАУЗА

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

rn

16. Направете место за женските суперхерои

rnИако сè уште не се излезени, Марвел Студиос оваа година објави дека во 2017 три големи женски суперхерои ќе ги заземат големите платна. Целата поента е во тоа што жените нема да бидат само жртви на кои им треба спасување, туку ќе ја имаат улогата на суперхерои.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

17. Се поттикнаа акции со цел интернетот да биде побезбедно место за жените

rnПо многу случаи на крадење голи слики од познати личности и нивна злоупотреба, Твитер реагираше здружувајќи ги силите со други организации и медиуми. Така, борбата против ваквата злоупотреба стана поефикасна и применлива во реалниот живот, со други зборови, не остана нешто што само бескорисно се промовира на социјалните мрежи. Излезе и книга од Даниел Китс, професор по право, „Криминалот од омраза во сабјбер просторот“ (Hate Crimes in Cyberspace), со што се презеде акција против злоупотребата на жените на ваков начин.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

18. Многу познати личности зазедоа феминистички улоги

rnСега како никогаш порано девојките слободно се нарекуваат себеси феминистки. Многу познати личности го поттикнаа овој „тренд“, како Тејлор Свифт, Бијонсе, Елен Пејџ, Лина Данам, Ема Ватсон и Ејми Полер.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

19. Џенет Јелен станува првата жена-претседател на федеративниот банкарски систем

rnЕкономистката Џенет Јелен стана 15-тата личност а воедно првата жена која ја доби главната фотелја на федеративниот банкарски систем на САД, во февруари оваа година. Јелен била единствена жена меѓу дипломците од нејзиниот клас на Јејл, и една од двете жени на економскиот факултет во Харвард. Моментално Јелен ја има најтешката работна позиција во Вашингтон.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

20. Се подигнува свеста за сексуалните напади во универзитетските кампуси

rnСексуалните напади отсекогаш се случувале, но оваа година Белата куќа наголемо се заложи за спречување на истите, казнување на сторителите, отворена исповед на жртвите, или со еден збор, излегување од сенка на овој голем проблем кој со години се криел и потиснувал. Се надеваме дека за брзо вакви големи и значајни подвизи ќе се случат и кај нас бидејќи сексуалните напади се можеби и најголемата закана за девојките и жените.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.