КАФЕ ПАУЗА

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

rn

6. Сериите на Шонда Рајмс преовладуваа на телевизиските екрани

rnОд „Вовед во анатомија“ до „Како да се извлечеш неказнет за убиство“, сериите на Шонда Рајмс дефинитивно владееја на телевизиските екрани. Нејзините серии се контроверзни, рушат стереотипи, неретко црни жени се во главните улоги, а не се исклучени и жешки секс-сцени.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

7. Мишел Хауард станува прва жена командант со 4 ѕвезди во историјата на американската воена морнарица

rnВо 238-годинишната историја на американската воена морнарица, никогаш немало жена-офицер со 4 ѕвезди. Во јули оваа година Хауард стана првата жена која се закити со титула од ваков ранг.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

8. Лаврн Кокс беше на насловна на магазинот Тајм

rnЅвездата од серијата „Портокаловата е новата црна“, за магазинот Тајм отворено прозборе за тоа како е да се биде црнец-транссексуалец и за тоа како успеала да ја најде својата среќа и покрај сите осудувања. Кокс е првиот транссексуалец номиниран за ЕМИ награда.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

9. Габори Сидиби „растури“ на Твитер

rnПрекрасната Габори самоуверено позираше на црвениот тепих за наградите Златен глобус оваа година. Сепак, не стивнаа негативните коментари за нејзината тежина. Габори ги „згази“ своите „хејтери“ со твитот на годината:rn
rn

„За сите оние кои пишуваат злобни коментари за моите слики од Златниот глобус, бидете сигурни дека синоќа се отепав од плачење поради тоа на мојот приватен авион додека се упатував кон мојата работа од соништата.“

rn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

10. Ема Ватсон даде прекрасен говор за родовите стереотипи пред ОН

rnМладата Ема изнесе прекрасен говор за еднаквоста на половите на едно заседание на Обединетите нации, поттикнувајќи ги и мажите да се залагаат за оваа еднаквост. Таа зборуваше за тоа како мажите се присилени да глумат мачо-мени и да ги сокриваат своите чувства што резултира со депресија и самоубиства. Потоа таа ја започна кампањата #HeForShe, повикувајќи ги луѓето да преземат акција против насилството и дискриминацијата на жените.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrn