20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Сподели

rn

Реклама

11. Заљубените луѓе имаат хемиски сличности со луѓето со опсесивно-компулсивно нарушување

rnСтудиите покажуваат дека луѓето во раната фаза на љубовта имаат помало ниво на серотонин, кој е поврзан со чувството на среќа и добросостојба, како и повисоко ниво на кортизол поврзан со стресот. Ова е доста слично со луѓето кои имаат опсесивно-компулсивно нарушување, што објаснува зошто се однесуваме толку чудно и несвојствено кога сме заљубени.rn

12. Размислувањето за љубовта и сексот влијае на креативноста и на конкретното размислување, соодветно

rnИстражувањата откриле дека мислењето на љубовта го поттикнува поапстрактното и покреативно размислување бидејќи тоа е поврзано со подалечни и поапстрактни работи како долготрајните врски, посветеноста и интимноста. Потсетувањето на сексот пак поттикнува поконкретно размислување и влијае личноста повеќе да се фокусира на моменталните детали отколку на долгорочните планови и цели.rn

13. Приврзаност + грижа + интимност = совршена љубов

rnТриаголната теорија на љубовта открива јасна формула за елементите на различните видови љубов. Постојат 3 вида љубов кои се производ на два различни парови од елементи:rn

    rn011

  • Романтична љубов = страст + интимност
  • rn011

  • Придружничка љубов = интимност + посветеност
  • rn011

  • Глупава љубов = страст + посветеност
  • rn

rnВистинската и најсилна љубов е онаа која се состои од сите три компоненти.rn

14. Привлечното лице е поважно од атрактивното тело за долготрајните врски

rnКога барате некој за сериозно, поважно ви е да ви е попривлечно лицето одошто телото. Обратно, кога барате некој за забавување, телото има предност пред лицето.

15. Држењето за рака со саканиот ја намалува болката и стресот

rnИстражувањата покажуваат дека долгогодишните парови со длабока и силна конекција можат успешно да си се лекуваат во стресни ситуации или кога чувствуваат некаква болка со едноставно држење за раце.rn

Популарно

Може ќе ве интересира