rn
16. Одете по Патот на великаните во Северна Ирска
rnПатот на великаните во Северна Ирска, составен од шестоаголни базалти (магматски карпи, потврди од гранитот) е една од најголемите атракции во Обединетото Кралство. Без разлика дали мислите дека одите по чекорите на некој митски јунак, или пак ова е само геолошко чудо, Патот на великаните вреди да се посети. Брегот го одзема здивот, а прошетката по карпите претставува вистинско освежување.
rn
17. Посетете го центарот Титаник Белфаст
rnЕдна од најновите атракции во Велика Британија е центарот Титаник во Белфаст, Северна Ирска, сместен на местото каде што бил изграден и самиот брод. Тука посетителите се запознаваат со целата приказна околу Титаник – изградбата, потонувањето и пронаоѓањето на жртвите.
rn
18. Уживајте во ноќниот живот во Њукасл
rnНоќниот живот во Њукасл е легендарен! Припремете се за многу алкохол, играње и малку облека. За тука не ви се потребни џемпери и палта, коктелите и одличната атмосфера се доволни да ве загреат и опуштат.

