rn
9. Старбакс
rnСликата од лево можеби ќе ве збуни, но станува збор за лажна фотографија. Некој турист што ја посетил земјата само сакал да се пошегува. Ако сакате да пиете кафе во Пјонгјанг, треба да одите во едно од најпознатите кафулиња што се вика Рјонгванг.rn
10. Кабелска телевизија
rnПостојат само 4 официјални ТВ канали во земјата. Цензурата од страна на владата е толку силна што не дозволува други типови телевизија.rn
11. Западни списанија
rnПропагандата на Северна Кореја ги забранува сите странски медиуми. Владата и специјални агенции го контролираат и надгледуваат она што се објавува во весниците. Не постојат списанија за животен стил. Единствените весници што им се достапни на Севернокорејците се оние од образовен и политички карактер.rn
12. Безжичен интернет и меѓународни повици
rnОд вкупно 15 милиони жители, само милион Севернокорејци поседуваат мобилен телефон. Меѓутоа, забранети се меѓународните повици. Исто така, има одредени забрани што се однесуваат на користењето 3G мрежа. Странците што влегуваат во земјата треба да купат припејд СИМ картичка за да се јавуваат во странство.rn
13. Билети за музички концерти
rnМал број странци имаат дозвола да настапуваат во Северна Кореја. Па, така, доколку сакате да одите на концерт на вашиот омилен музичар, оваа идеја не доаѓа предвид. Единствениот бенд на којшто му било дозволено да настапува бил словенечкиот бенд Laibach. Тие имале концерт во Пјонгјанг во 2015 година. Наместо тоа, луѓето можат да ги посетуваат концертите на локалните бендови.rn
14. Епл
rnВо Северна Кореја има забрана за продавање секаков тип современа технологија. Не е возможно да купите ајпед од компанијата Епл. Меѓутоа, Северна Кореја произведува свои таблети и компјутери за кои се верува дека се одлична замена за производите од Западот.rn
15. Спортски автомобили
rnВо Северна Кореја никогаш нема да најдете спортски автомобили. Невозможно е да купите вакви луксузни автомобили поради санкциите од Обединетите Нации и Европска Унија.rn
16. Одмори во странство
rn Водниот парк „Мунсу“ во Пјонгјанг
Севернокорејците не смеат да одат на одмори во странство. Тоа е нарушување на човековите права, но луѓето во Северна Кореја најверојатно не се свесни за овој факт.
Лидерите на Северна Кореја се обидуваат да ја заштитат земјата од надворешните влијанија. Тие забрануваат многу работи, но светот постојано се менува. Не можеме да очекуваме дека Северна Кореја засекогаш ќе остане иста. Луѓето таму и нивниот начин на живот постепено се менуваат, благодарение на северните и јужните соседи, така што постои надеж дека Севернокорејците еден ден ќе можат да дознаат што се случува надвор од границите на нивната земја.
Доколку ве заинтересира оваа земја, прочитајте за следниве 12 работи што постојат само во Северна Кореја.

