Норвешка е без сомнеж една од најубавите држави на Земјата. Природни богатства, убави градови, среќни и фини жители и фасцинантна историја. Па ако досега не била на вашиот список за шетање, следниве факти и фотографии сигурно ќе ве убедат дека токму Норвешка е вистински избор за следна дестинација.rnrn
rn
1. Норвешка е навистина едно од најсреќните места во светот
rnБазирано на истражување направено во преку 150 земји од страна на Обединети нации, во кое се земени предвид повеќе фактори, меѓу кои здравјето, слободата и сл., Норвешка во 2013 година се нашла на второто место во Светскиот извештај за среќата.rn
2. Норвешка е многу безбедно место
rnКриминалната стапка и стапките на убиства и одење во затвор се многу ниски во Норвешка, што е сосема поддржано од фактот дека Норвежаните се среќни луѓе.rn
3. Постои закон кој се вика Јавно право
rnОвој закон на Норвежаните им дозволува да престојуваат (на пр. да кампуваат) на која било земјена површина која не се обработува или, пак, да планинарат секаде каде што ќе посакаат.rn
4. Тролтунга (Јазикот на тролот) е совршеното место за фотографирање
rn
rn
5. Исто така и Кјерагболтен
rn
rn
6. Дури и населените места се покриени со големи површини зеленило
rnСамиот главен град на Норвешка, Осло, е прекриен со зелени површини.rnrn
rn
7. Тврдината Фредрикстад се смета за античка земја на чудата
rnОвој стар град се смета за еден од најубавите и најдобро зачуваните стари градови во Скандинавија.rnrn
rn
8. Норвешките фјордови
rnФјордовите се долги, тесни и длабоки влезови на морето кои се наоѓаат помеѓу високи карпи, а Норвешките фјордови се едни од највоодушевувачките за истражување.rnrn
rn
9. Норвешка се смета за родно место на скијањето како спорт
rnЗборот скија доаѓа од старонордискиот јазик и во буквален превод значи расцепување на парче дрво. Во Норвешка може да се скија и во лето.rn
10. Норвешка има повеќе езера од Финска
rnФинска е позната како Земјата со 1.000 езера, а има повеќе од 60.000 езера. Но Норвешка всушност има неколку стотици илјади езера кои се преубави. Најдлабоко е Хорниндалсватнет.rnrn
rn
11. Овој поглед е од врвот на планината Флојен во Берген
rnНа врвот може да се искачите со жичарата Флоибанен, а загарантиран ви е прекрасен поглед.rnrn
rn
12. Можете да ги видите Северните светла (Northern Lights)
rnПознати под името aurora borealis или поларна светлина, северните светла може да се видат само над одредени делови на Земјата, меѓу кои и Скандинавските земји. Тие се движат по небото во секакви облици и даваат изглед на магична светлина која изгледа како да танцува над вас. Неверојатно искуство кое вреди многу.rnrn
rn
13. Норвешка е дом на диви елени и поларни мечки
rn
14. Национален пијалак во Норвешка е Аквавит
rnОва е силен алкохолен пијалак направен од компири и билки кој Норвежаните го конзумираат заедно со пиво.rnrn
rn
15. Градот Олесунд е прекрасен и преку ден и навечер
rn
rn
16. Во Норвешка има 240.000 острови
rnИма повеќе вода отколку што можете некогаш да препловите и повеќе земја отколку што кога било би можеле да пропешачите.rnrn
rnrnДали се премисливте?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.