16 луди скали што можат да исплашат секого

Сподели

rn

Реклама

11. „Патот кон рајот“ што води до чајџилница

rnОвој пат што води до врвот на планината Хуа е наречен „Патот до рајот“. Скалите се издлабени во карпата, а металните синџири служат како држачи. Порано по скалилата се искачувале само аџии бидејќи Хуа е една од 5-те свети планини на таоизмот во Кина. Денес овој пат е отворен и за туристи.rn

12. Ѕирнете зад водопадот

rnМожете да стигнете до водопадот наречен „Ѓаволов котел“ во Еквадор искачувајќи се по древни камени скали. Скалите се многу блиску до клисурата каде што водата е навистина силна. Скалите минуваат низ тунел со лизгави ѕидови кој води директно до водопадот. Многу туристи ја посетиле и платформата зад водопадот и тврдат дека погледот е неверојатен.rn

13. Одење по смртоносната кривина

rnОвие необични скали веќе се најпознатата атракција во Дујсбург, Германија. Скалите имаат и необично име – „Тигар и желка“. Креаторот на скалите им дава шанса на луѓето да одат по луда железница. Највисоката точка на скалите која се наоѓа на 12 метри нуди панорамски поглед кон градот.rn

14. Не може повеќе од 300 луѓе дневно!

rnЗа да стигнете до планинскиот врв во Националниот Парк Јосемити во Калифорнија, мора да изодите патека од 9,5 километри, од која дел се минува со жичара. Не е дозволено да поминат повеќе од 300 посетители дневно бидејќи потребна е посебна дозвола. Од туристите се бара да бидат физички подготвени и да имаат вистинска желба да искачат 400 речиси вертикални скалила.rn

15. Пат до храмот на месечината

rnОвие камени скали се лоцирани во Мачу Пикчу и се стари околу 500 години. Биле изградени од древните Инки како пат до Храмот на месечината. Денес е дозволено да се качат најмногу 400 луѓе во текот на еден ден. Искачувањето трае 2 часа и ќе треба постојано да се држите до ѕидот. Скалите и ѕидовите се лизгави, па со само еден погрешен чекор можете да паднете во реката Урубамба.rn

16. На врвот за ѕвездите

rnОпсерваторијата наречена Пик ду Миди се наоѓа на француските Пиринеи. Дел од патувањето можете да го поминете со жичара, а другиот дел се минува само по скали. Бидејќи е навистина студено и дува многу ветар, потребно е да носите топла облека. Неодамна овде постои понуда за преноќување – научниците исчистиле неколку соби за оние на кои им е потребен одмор по напорното патување.

Ако сакате да пробате нешто ново, зошто да не се обидете со овие забавни начини на патување и откривање нови места?

Популарно

Може ќе ве интересира