Секоја девојка сака да стане силна жена. Но, тоа што повеќето не го сфаќаат е дека тие се веќе силни затоа што преживеале многу работи и не дозволиле да бидат скршени од ништо и од никого. Па, ако се сомневате во својата силина, тогаш прочитајте ги следниве уникатни и помалку познати карактеристики кои ќе ве убедат во спротивното!rnrn
rn
1. Тие се борат за себе, но и за другите
rnТие се искрени, особено кога другите не се однесуваат убаво со нив. Имаат силно чувство за моралност, па кога ќе се појави неправда најверојатно одма ќе реагираат. Не се плашат да ги предизвикуваат другите, особено кога ги напаѓаат нивните верувања. Силните жени никогаш не се двоумат кога треба да се изјаснат.rn
2. Тие им се восхитуваат и ги поддржуваат другите жени
rnСилните жени не озборуваат, не завидуваат, не осудуваат и не критикуваат други жени. Наместо тоа, тие се гледаат како пример и извор на инспирација. Си даваат пофалби едни на други и си помагаат доколку е потребно, секогаш подавајќи си рака. Силните жени добиваат сила од тие на кои им се восхитуваат и секогаш се охрабруваат меѓусебно.rn
3. Тие се родени феминистки
rnТие се природни феминистки. Себеси се сметаат за еднакви на мажите и не им е проблем да се борат за она во коешто веруваат. Тие не се потпираат на однесувањето на мажите. Наместо тоа, ја прегрнуваат својата женственост и одбиваат да прифатат што било помалку од тоа што го заслужуваат.rn
4. Тие се ефикасни лидери
rnТие се одлични супервизори, менаџери и општествени лидери затоа што можат да ја видат големата слика и им помагаат на другите да си ги остварат целите. Имаат одлична работна етика и сакаат да се уверат дека сите си ги извршуваат нивните задачи. Способни се со почит да ги изразат нивните очекувања и се доволно самоуверени да ги инспирираат другите за да ги следат во нивното водење.rn
5. Тие знаат да сочувствуваат со другите
rnТие ќе бидат првите што ќе понудат помош или совет, но и ќе бидат рамо за плачење. Знаат како е да се биде слаб, бидејќи успеале себеси да се извлечат од темнината, па емпатијата им е природна. Сакаат да направат другите да се чувствуваат подобро затоа што ја доживеале болката и знаат колку може да биде таа ужасна.rn
6. Тие се интелектуално, емоционално и ментално зрели
rnВаквите жени поминале многу работи во животот и нивното искуство ги направило посилни. Научиле дека нивните минати искуства ги зацврстиле во сегашноста. Тие му пристапуваат на животот со знаење и проникливост затоа што научиле од нивните грешки и неуспеси.rn
7. Тие се постојано учтиви кон другите
rnОвие жени знаат дека секој може да згреши и никогаш не осудуваат никого. Секогаш се однесуваат со љубезност и почит.rn
8. Тие имаат одлични комуникациски вештини
rnБез многу напор комуницираат со останатите. И можат многу лесно да бидат разбрани. Уживаат во значајни разговори и сакаат да ги запознаваат луѓето малку подлабоко.rn
9. Тие се самоуверени и со висока самодоверба
rnСамодовербата е дефинитивно нивната прва одлика. Кај нив нема место за несигурност, а тоа ги прави големи победници.rn
10. Тие се брутално искрени
rnТие секогаш се искрени и немаат време за лаги. Ја вреднуваат вистината дури и ако е тешко да се слушне. Отворени се и секогаш ги изразуваат нивните барања и потреби.rn
11. Тие не се колебаат ако сакаат да си заминат
rnОдбиваат да бидат покрај оние кои не ги прават среќни. Го отфрлаат секој што испушта токсична енергија. Во истиот момент штом ќе почувствуваат дека не вреди да ве имаат во нивните животи, тие ќе заминат без оглед на тоа колку долго ве познаваат.rn
12. Тие живеат во моментот
rnСфаќаат дека минатото е завршено и дека сегашниот момент е единственото нешто што е навистина важно. Веруваат дека сегашноста ќе ја создаде иднината која ја сакаат. Се фокусираат на „сега“ и работат напорно за да ги остварат своите цели. Тие се целосно присутни во сегашноста и можат да создадат иднина од нивните соништа.rn
13. Тие не сакаат драма
rnСилните жени ја мразат драмата и ќе направат сè за да ја избегнат. Немаат време за драма и ограничувања затоа што преферираат да разговараат за значајни нешта.rn
14. Тие знаат што сакаат
rnИмале доволно време за да се запознаат себеси, што им помогнало во заклучувањето што е тоа што тие го сакаат во животот. Соништата им се зацртани во нивните глави како и патиштата за нивното остварување. Не се сомневаат во себе, па ако нешто силно сакаат тие ќе посегнат по него.rn
15. Тие сакаат да живеат значајни животи
rnЗнаат дека материјалното имање нема да им донесе долготрајна среќа. Сакаат богато знаење и незаменливи искуства. Тежнеат да им помогнат на другите за да создадат нешто значајно во животот. Тие се сонувачи и секогаш се вртат кон остварување големи нешта. Над сè, тие сакаат да остават траен печат во светот.rnrnДознајте и кои особини ги поседува секоја остварена жена.